1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Бројот на „лажни азиланти“ се намалува

Бројот на таканаречените „лажни азиланти“ од Западен Балкан се намалува и во овој момент не се доведува во прашање безвизниот режим за ниту една земја од регионот, заклучија мониторинг тимовите во Брисел.

По редовниот состанок на мониторинг тимовите за земјите од Западен Балкан задолжени за следење на примената на безвизниот режим, генералниот секретар на Министерството за безбедност на БиХ, Бакир Даутбашиќ, за ДВ изјави: „Во овој момент не е доведен во прашање безвизниот режим за која било земја од Западен Балкан. Работите се поправаат кога е во прашање цел регион.“

Откако од земјите во регионот побараа заострување на мерките со цел да се спречат злоупотребите на безвизниот режим, некои од земјите на Шенген ги заострија, односно ги скратија своите процедури во обработката на барањата за азил, што дополнително придонесува за намалување на бројот на оние кои поднесуваат барања за азил првенствено поради материјална корист.

Што се однесува до ситуацијата со баратели на азил посебно во Германија, бројот на луѓе кои поднесле барања за азил се зголемува и тој во јануари изнесуваше повеќе од седум илјади. Според министерството за внатрешни работи во Берлин, тоа значи зголемување од околу 50% во споредба со претходниот месец. Сепак, како што се вели, во јануари не било забележано особено зголемување на бројот на подносители на азил од Србија, Македонија и Боса и Херцеговина. Во јануари во Германија се одбиени 1800 барања за азил.