1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бројот на жртвите во Јужна Азија расте постојано

Се започна пред околу 72 часа со веста за катастрофалниот земјотрес под морето во близина на индонезискиот остров Суматра. Првите проценки беа – 500 загинати. Оттогаш бројаката беше коригирана од час во час, за денеска да се оценува дека досега има повеќе од 80 илјади загинати.

Само во Индонезија владата смета дека има 40 илјади жртви, во Шри Ланка, според последните информации 22 илајди, во Индија повеќе од 10 илјади, меѓутоа, властите страхуваат дека само на островските групи Андамани и Никобари загинале околу 10 илјади. Од Тајланд официјално се јавува за повеќе од илјада и 500.

Според проценките на УНИЦЕФ на милиони луѓе им се закануваат заразни болести. Погодените итно мораат да бидат снабдени со вода за пиење, се вели во соопштението на оваа организација. И Светската здравествена организација страхува од дуплирање на бројот на жртвите поради зарази. Дејвид Набаро од оваа организација вели:

“Постои опасност на крајот да има уште толку жртви колку што однесе поплавата“.

Бројот на жртвите меѓу германските туристи веројатно е поголем од оној што се претпоставуваше досега. Околу 600 се сметаат за исчезанти само во Тајланд, изјави претставник на германската амбасада во Бангкок. Најмногу нејаснотии има околу судбината на гостите и вработените во Софител хотелот во Као Лак каде што се исчезнати 360 лица.

Германскиот канцелар Герхард Шредер денеска се вклучи во работатат на кризниот штаб за координација на помошта и спасувачките мерки за жртвите од поплавите во Јужна Азија. Шредер и министерот за надворешни работи Јошка Фишер во моментов во Берлин одржуваат прес – конференција за да информираат за состојбата и за германската помош. Канцеларот вчера го прекина одморот поради катастрофата, а ја одложи и планираната посета на Австрија на 1 јануари каде што требаше да присустува на новогодишниот концерт во Виена и да има политички разговори. Заменикот портпарол на германската влада Ханс Лангут пред седницата на кризниот штаб изјави дека соработката со туристичките организации се одвива беа компликации. Тој соопшти дека во овој момент не се планира член на владиниот кабинет да патува во кризниот регион, зашто експертите на самото место оценуваат дека такво нешто засега не е потребно. Инаку, туристичкиот концерн Томас Кук до утревечер има намера да ги врати сите гости погодени од поплавата што се наоѓаат во Шри Ланка и во тајландското летувалиште Пукет. Туристичката фирма “Кондор“ пак веќе врати околу илјада туристи од подрачјето на катастрофата.