1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Бројот на горилите се зголемува

Горилите одамна се сметаат за загрозен животински вид. Повеќе организации во регионот на централна Африка се обидуваат ги заштитат овие животни. Уганда може да се пофали дека успева во тоа

Преживање, спиење и бркање- тоа го прават горилите преку целиот ден. Токму за тие нешта, овие прекрасни животни наоѓаат одлична можност во националниот парк Бвинди во Уганда. Во моментов таму живеат околу 400 горили. Одговорните во Уганда се горди на растечката популација од овој загрозен животински вид.

„Во моментов во целиот парк имаме 880 животни. Притоа Уганда е дом за повеќе од половината планински горили во светски рамки“, вели министерката за туризам на Уганда, Марија Мутагамва.

Но, повеќе горили бараат и поголем животен простор. А станува се потесно. Шумите се сечат, а населението го користи просторот за земјоделие. Во иднина ќе се размислува како да се избегнат конфликти меѓу луѓето и животните.

„Потребни ни се зони на раздвојување околу националните паркови. Ќе мораме да купуваме земјиште за да се прошириме, а тоа ќе помогне“, смета Гледис Калема од националниот центар за заштита на животинскиот свет во Уганда.

Уганда се надева на развој на горила-туризмот, од кој би профитирало и локалното население. Сепак, опасноста за горилите не е исчезната. Ловокрадци често ги напаѓаат животните, и го продаваат нивното месо, главите, рацете како трофеи. Младите горили се продаваат на зоолошки градини или како домашни животни. Активистите имаат уште многу едукативна работа пред нив.