1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бројни жртви при падот на авион во Лагос

Во авион кој се урна врз двокатна зграда во најголемиот нигериски град Лагос, загинале сите патници. Вкупниот број жртви не се знае.

Авионот на компанијата Дана Ер, МекДонел Дуглас МД-83, призводство на американскиот Боинг, сообраќал на линијата Лагос - Абуџа. Несреќата се случи во непосредна близина на аеродромот. Се стравува дека покрај околу 150 патници, има уште жртви, зашто авионот падна врз густо населено место.

Авионот при слетувањето на аеродромот допрел до електричен кабел со висок напон, по што паднал врз зградата, разбивајќи се на повеќе делови, соопштија нигериските воздухопловни власти и очевидци. По падот, на местото на несреќата се собрале илјадници луѓе. Полицијата делумно неуспешно се обидувала да им обезбеди пат на возилата за итна помош.

Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан одреди тридневна национална жалост поради несреќата.