1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бројни жртви во судирите во Сирија

Сириските владини трупи, според наводи на опозицијата, убиле најмалку 49 бунтовници во битката за стратешки важниот град Адра во близина на Дамаск.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека бунтовниците направиле обид за повторно освојување на градот Адра при што биле нападнати од заседа. Сириските владини трупи притоа убиле 49 бунтовници, соопшти оваа опозициска организација. До Адра минува пат, по кој бунтовниците пренесувале оружје во Дамаск, пред сириската војска да го преземе градот. Истотака повторно се јавува јавува и за жестоки судири во економската метропола Алепо.

Осумнаесет луѓе биле убиени при напад на силите лојални на претседателот на Сирија, Башар ал Асад, врз градот Ариха, во провинцијата Идлиб, соопшти Сирискиот центар, нагласувајќи дека во овој град е извршен „ужасен масакр“.

Покрај тоа се прошируваат и борбите меѓу исламистичките бунтовници и курдските милиции. До тешки судири дошло во регионот во близина на границата со Турција, кои меѓутоа биле завршени откако бил договорен прекин на огнот. Експертите овие судири ги оценуваат како доказ за тоа , колку голема моќ имаат исламистите во рамките на бунтовничките сили во Сирија.