1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бронзен медал за Германија во коњички скокови

По слабиот старт и не многу убедливиот настап ни во вториот круг, во возбудливото финале на светското првенство во Ахен, пред 45 илјади гледачи, германските претставници сепак успеаја да стигнат до еден од медалите во коњички скокови. Лудгер Беребаум, Кристијан Алман, Мередит Михаелс-Беербаум и Маркус Енинг сепак не се докрај задоволни. „Ако сме искрени, очекувавме малку повеќе. Овде бевме фаворити. Мора да се каже дека беше по малку разочарувачко што на крајот моравме да страхуваме ќе бидеме ли трети или четврти. Но, погледнато сосем трезвено отпосле, можеме да бидеме среќни со третото место, оти лесно можеше да се случи да бидеме и четврти, а Украина трета“ – рече најдобриот во германскиот тим, Лудгер Беербаум.

Тенис: Бекер против Агаси во третото коло на УС-опен

На отвореното тениско првенство на САД во Њујорк прв од германските претставници, кој се пласира за 3-тото коло е Бенјамин Бекер, по победата над Французинот Грожан со 3 сппрема 0 во сетови. Нареден противник ќе му биде американскиот ветеран Андре Агаси, кому ова му е последен турнир во кариерата. Агаси во второто коло забележа победа во пет сетови против Маркус Багдатис од Кипар.

Изненадувања се елиминацијата на повратничката Мартина Хингис, како и на уште 4 поранешни победнички: Линдзи Девенпорт, Серена Вилијамс, Жистин Енан-Ардан и Светлана Кузњецова.