1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бронза за германските гимнастичари

Повеќе од 5 илјади публика вчера во спортскиот центар во Штутгарт го славеа бронзениот медал на германските гимнастичари на светското првенство. Златото заврши во рацете на Кина, среброто го освоија Јапонците:

Ова е прв медал за германската репрезентација по цели 16 години. „Вие сте супер. Ви благодариме за се. Вие не понесовте до целта„, извикуваше одушевено најдобриот во екипата Фабијан Хамбихен кон публиката и вети дека во поединечното финале на вратило в недела ќе даде се да стигне до златен медал:

„Атмосефарата беше одлична, фантастична. Не понесе да дадеме максимум. Воопшто не бев нервозен. Знаев дека сум во форма и сега, еве имам медал„.

Неговиот колега од репрезентацијата Филип Бој:

„Во вторникот се квалификувавме за олимпијадата во Пекинг. Тоа го потврдивме и денеска со медал што е супер. И пред се со ваква публика. Голема благодарностт за публиката. Едноставно речено о не понесе до медалот„.