1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бронза за Германија

Германија по третиот ден од зимската Олимпијада во Торино со трет медал. Биатлонката Мартина Глагоу беше трета на трката од 15 километри.

default

Златото и среброто во оваа трка им припадна на две Русинки ,

Светлана Ишмуратова и Олга Пилева. Инаку останатите германски натпреварувачки во оваа дисциплина, Кати Влихелм , Уши Дизел и Мануела Хенкел не успеаја да стигнат до место на подиумот.

Глагоу на која ова и е прв медал на олимписките игри со задоволство зборуваше за успехот но и за остварувањето на нејзините и соништата на сонародникот Михаел Грајс , освојувачот на златото во машката трка . Тие на претходната Олимпијада имено не успеаја да се најдат на победничкиот подиум:

“ Најнапред многу се радувам , дека вечерва ќе бидам дел од церемонијата за доделување на медалите . Тоа е еден многу голем сон за мене. Миши Грајс и јас , тогаш во Солт Лејк сити стоевме секогаш во публиката и си велевме: Ќе беше убаво , барем еднаш да се застане горе на подиумот и сега и двајцата успеавме во тоа и тоа е едноставно прекрасно“ .

Инаку на вчерашниот трет ден од 20-те змиски олимписки игри меѓу оние кои освоија злато беше и руската двојка во уметничко лизгање Татјана Тотмианина и Максим Маринин , како и американецот Џои Чик на трката од 500 метри брзо лизгање.