1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бродска несреќа на Филипини

Пред пристаништето Цебу, на Филипините, во судир на траект и товарен брод загинаа најмалку 31 лице, додека стотици луѓе се‘ уште се водат како исчезнати. Сударот се случил ноќе, на мирно море.

Најмалку 231 лице загина, а 170 се сметаат за исчезнати по потонувањето на еден траект кој се судри со товарен брод во централниот дел на Филипините, покажуваат најновите податоци на локалните власти.

Траектот „Томас Аквинас“ превезувал околу 870 патници и членови на екипажот кога потона во петокот (16.08) во близина на пристаништето Цебу. Досега се спасени 630 патници, истакна претставникот на крајбрежната стража, Луис Туасон. Спасувачки бродови и хеликоптери денеска продолжија со извлекувањето на преживеаните од водите крај Цебу, вториот град по големина на Филипините. Можно е некои од исчезнатите да се спасени од страна на помали рибарски бродови кои се придружија во спасувањето.

Philippinen Fährunglück

Дел од спасените патници

Сударот се случил на мирно море, ноќе, на оддалеченост од два до три километри од пристаништето Цебу. Колизијата со траектот предизвикала силен потрес, изјави Рахел Капуно од бродската компанија, но сите 36 луѓе на товарниот брод останале неповредени, а бродот не потонал. Траектот бил стар 40 години и смеел да превезува до 900 патници. Тој бил на пат од Цебу кон градот Давао. Бродовите се едно од главните транспортни средства на островската држава Филипини, составена од околу 7 илјади острови.Често се случуваат несреќи поради недоволните безбедносни стандарди и претовареноста на бродовите.