1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бродот кој потона пред брегот на Бахреин бил регистриран како рибарски

Властите на Бахреин соопштија дека бродот кој во петокот потона во близина на брегот немал лиценца за пловидба

Дел од спасувачките тимови

Дел од спасувачките тимови

Портпаролот на министерството за внатрешни работи изјави дека сопственикот на бродот аплицирал за добивање на потребната дозвола, но не ја довршил процедурата. Во декември минатата година властите побарале од него да ги заврши потребните формалности за регистрирање на бродот како патнички. Тоа не се случило, а бродот бил регистриран како рибарски.

Најголем дел од 57 те настрадани патници биле странски државјани, меѓу нив и еден германец. Властите првично го приведоа капетанот на бродот, околу кој постоеа сомневања за неговите квалификации. Капетанот дозволил на бродот да се качат 126 патници, иако неговиот капацитет бил 100. Патувањето било спонзорирано од две компании ангажирани во големи градежни проекти во Бахреин. Симон Хил еден од преживеаните патници пред новинарите зборуваше што се случило:

„ Се случи набрзина. Не можам да ви објаснам колку бргу. Седевме, разговаравме и уживавме во прекрасната вечер. За секунда, се случи многу бргу, погледнав и видов како луѓето се лизгаат од бродот. И пред да бидам свесвен што се случи се најдов под вода„

„ Што ти минува низ мислите? Паднав во вода, таму имаше многу луѓе, околу мене се наоѓаа многу предмети. Едноставно правиш се за да се извлечеш. Излегов на површината, ја повикав мојата жена, ја најдов и потоа се обидов да им помогнам на луѓето. Едноставно, го правиш она што треба да го сториш во ваква ситуација„