1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Бродарот Фридрих Штунц од Фирнебург

Работата го прави среќен, не парите! Фридрих Штунц, кого сите го знаат само како Фриц, ја сака работата. Цели 54 години 68-годишниот Фриц е зад кормилото. Пензија е збор што не му се допаѓа многу.

default

На палубата на неговиот брод ниту еден ден не e како претходниот. Каде ќе го дочека изгрејсонцето - зад кормилото на бродот, во бродската кабина, или дома в кревет, зависи од должината на пловидбата. Се разбира, голема улога игра и бројноста на екипажот на бродот. Едно нешто кај Фриц Штунц е сепак исто, и тоа веќе 30 години: неговиот појадок. Со насмевка на лицето тој го објаснува утринскиот ритуал: „Секое утро, од понеделник до сабота, јадам овесни житарки. Само во недела појадувам јајца и земички.“ Со појадокот пие една до две чаши чај, а кафе пие дури неколку часа подоцна, во командната кабина на бродот.

Со 68 години веќе одамна можеше да оди во пензија. Но, како самостоен бродски превозник, се’ уште минува повеќе денови од неделата пловејќи. Љубовта кон водата ја наследил од неговите претци - и тие биле морнари. „На бродот имате слобода“, вели Штунц. Тоа била и причината, зошто пред половина век тргнал по стапките на татко му.

Командниот пулт на бродот изгледа како пилотска кабина

Старото метално кормило е се’ уште таму, но само како потсетник на минатите времиња. Денес, капетан Штунц може да управува со бродот само со два прста.

Gesichter Deutschlands Porträt FrSt

На палубата на бродот на Фриц Штунц ниту еден ден не e како претходниот

Командниот пулт на бродот изгледа како пилотска кабина. Се’ е ново: радарот, радиостаницата, компјутерот. „Кога почнав да работам, секој се’ правеше.“ Оној кој сакаше да стане бродар, мораше темелно да ја изучи професијата. „Порано дури и шефовите беа искусни морнари. Денес луѓето доаѓаат од факултет и мислат дека се’ знаат подобро.“

Управувањето со бродот, набљудувањето на временските услови и на водостојот, чистењето на палубата и на товарниот дел од бродот, сервисирањето на моторот - сето тоа е дел од работа на Фриц Штунц. Сепак, староста си го зема својот данок: „Веќе не можам физички да работам“, вели и дополнува: „Со оглед на тоа какви луѓе имам овде, воопшто нема потреба да го правам тоа.“ Штунц се колне во својата четиричлена посада, на која слепо и‘ верува.

Конкурентска борба на вода

Фриц Штунц е бродар од старата школа: самостоен

Gesichter Deutschlands Porträt FrSt

Капетан Штунц може да управува со бродот само со два прста

бродски превозник, кој самиот управува со бродот. „Многу е убаво што имам сопствен брод, но за тоа е потребно многу капитал.“ Колку пари му остануваат, знае дури на крајот од годината. Поправки, откажување на пратки, набавки - пари мора да има, оти никогаш не знае што може да се случи до крајот на годината. Неговиот стар брод, технички мора секогаш да биде според најновите стандарди. Конкуренцијата е голема. „Пратката не ја добива оној кој има најубав брод, ниту оној кој има најсигурен брод, туку оној кој превезува најевтино.“ Економската криза ја пребродува со транспорт на чакал и железен отпад. Сепак, Фриц е задоволен со својот живот и смета дека ништо подобро не можело да му се случи.

Стрес е непознат збор за Фриц Штунц

Низ разговор и смеа времето на бродот брзо минува. Фриц Штунц не знае што значи зборот стрес. Тој има многу едноставно средство против него: „Јас сум голем верник. Тоа што треба да дојде, ќе дојде“.

Кога ќе ја испорача пратката, го напушта кормилото на бродот и седнува зад управувачот на автомобилот. Тоа брзо оди, бидејќи неговиот автомобил се наоѓа на бродот. Со помош на кранот на бродот, само за неколку минути автомобилот е на копно и правец - дома. Куќата му е во Фирнебург, мало село во покраината Рајнланд-Пфалц. Таму го чекаат сопруга и четирите внуци, сите од син му единец, Торстен. По занимање и тој е, што друго, ако не капетан на брод?!

Gesichter Deutschlands Porträt FrSt

Целата посада на бродот на ручек што го зготви лично капетанот Фриц Штунц

Дома го чекаат и неговите домашни миленици. Дури и тие имаат врска со водата: златните рипки и краповите стрпливо го чекаат „сопственикот“ во рибникот. Ги поздравува со „Добар ден“ и им дава храна.

Уште еден ритуал е дел од животот на бродарот, магазинот „Дер Шпигел“. Се чини, како и неделникот неделникот да го чека Фриц трпеливо, на масичката во дневната соба. Го интересираат политика и економија. „Активен сум во локалниот огранок на Христијанско – демократската унија. Се обидувам често да зборувам со политичарите и да ги критикувам. Не дозволувам лесно да ме одбијат!“, нагласува тој.

Секојдневието на Фриц Штунц е исполнето. Тој има интензивно работно време, надополнето со семејството и политичкиот ангажман, така што му останува малку време. Но, за средба со пријателите, разговор со соседите или за партија карти, секогаш наоѓа време. „Повеќето од луѓето познаваат некого само ако тоа им носи предност. Но, за мене е убаво да познавате некој човек без да очекувате некаква корист од него!“, убеден е Фриц Штунц. Отворен и искрен човек, кому може да му се верува.

Автор: Елизабета Милошевска Фиданоска / Виолета Вај

Редактор: Александра Трајковска

WWW-линкови