1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Бритиш Петролеум прифати рекордна казна

Двеипол години по катастрофата на нафтената платформа на Бритиш петролеум (БП) во Мексиканскиот залив, оваа компанија во судскиот спор во САД се согласи да исплати рекордна казна од 4,5 милијарди долари.

Британскиот енергетски гигант соопшти дека се согласил да плати казна од 4,5 милијарди долари согласно договорот со американското Министерство за правда во спорот покренат поради еколошката катастрофа со истекувањето на нафта во Мексиканскиот Залив во 2010 година. Компанијата соопшти дека исплатата ќе се изврши во период од шест години.

Покрај тоа нафтениот концерн ја призна вината за прекршоците кои доведоа до смртта на 11 нафтени работници на платформата. Обвинение е покренато против три раководни лица во компанијата.

Министерот за правда на САД истакна дека спогодбата меѓу американската влада и британската компанија за исплата на 4,5 милијарди долари е досега најголема казна која требало да ја плати едно претпријатие во САД.

На почетокот на годинава БП во граѓанските постапки постигна договор за исплаќање отштети на рибарите и другите погодени од оваа катастрофа во износ од 7,8 милијарди долари, но овој договор се уште чека на одобрување од федералниот суд.

Во април 2010 година експлодираше нафтената платформа „Дипвотер Хорајзон“ предизвикувајќи ка најтешката нафтена катастрофа во историјата на САД.