1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Британци – Ирак – Басра

*

Британските сили денеска го завршија повлекувањето на војниците од центарот на ирачкиот град Басра. Ирачките власти потврдија дека 500те војници од командата во центарот на градот денеска биле префрлени во базата блиску до аеродромот на Басра. Со тоа контролата врз градското подрачје ја преземаат ирачките воени и полициски сили. Министертвото за одбрана во Лондон денеска уште потврди дека има планови за намалување на бројот британски војници во регионот околу Басра штом ирачките сили ќе можат целосно да ја преземат одговорноста. Официјален Лондон планира и потполно повлекување на вкупно 5.500-те британски војници од југот на Ирак.