1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Британците со години мачеле затвореници во Ирак?

Се‘ погласни се обвинувањата дека британските војници со години вршеле систематски малтретирања и измачувања на ирачки затвореници.

Две невладини организации, Европскиот центар за уставни и човечки права од Берлин и ПИЛ, непрофитна организација - адвокатска канцеларија од Бирмингем, ја обвинија британската армија за систематско мачење и вршење воени злосторства во текот на ирачката војна. Конкретно сеработи за периодот меѓу 2003. и 2008. година. Организациите вчера доставија и тужба до Меѓународниот кривичен суд во Ден Хаг. Тужбата е подигната против британската влада, како што дознаваат по заедничките истражувања германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ и Норддојче рундфунк.

Двете невладини организации интервјуирале вкупно 109 ирачки затвореници и нивните искази ги имаат во записник.

„Одговорноста на претставниците на Велика Британија“

Новинарите на ЗЦ и НДР добиле увид во тужбата која опфаќа 250 страници и во која адвокатите бараат поведување истрага против високи по ранг британски офицери, тогашниот министер и државните секретари. Документот носи наслов „Одговорноста на претставниците на Обединетото кралство за воени злосторства, меѓу кои и систематски измачувања на затворениците во Ирак меѓу 2003. и 2008. година."

Опсежните сведочења на 109-те затвореници од пет различни затвори во југоисточен Ирак, според двете невладини организации, покажуваат ист систематски начин на сексуално и верско понижување и физичко насилство. Невладините организации ова го толкуваат како доказ за вршење насилство по наредба. На затвирениците им биле вршени и закани дека ќе бидат преместени во злогласниот америакнски затвор Абу Гариб.

Abu Ghraib Gefangener

Вџашувачките фотографии од Абу Гариб

400 затвореници сведочат за тешки измачувања

Во минатите години до ПИЛ се обратиле вкупно над 400 поранешни ирачки затвореници со извештаи за „тешки малтретирања и понижувања од страна на британските војници“. Британските власти досега пропуштија темелно испитување на обвинувањата и пред се‘, повикување на одговорност на високи по ранг воени и цивилни доносители на одлуки, истакнуваат двете невладини организации.

Лондон: „Само малубројни случаи на измачување“

Британското министерство за одбрана синоќа на заедничкото барање информација од страна на Европскиот центар за уставни и човечки права од Берлин и ПИЛ, непрофитната организација - адвокатска канцеларија од Бирмингем, потврди дека во Ирак имало случаи на малтретирање и злоупотреба од странана британски војници во Ирак, но само неколку. Министерството освен тоа изрази „разочарување“ што случајот повторно се изнесува пред Меѓународниот кривичен суд, што се смета за непотребно.

Пред осум години адвокатите од ПИЛ се обидоа да побараат одговорност од британската владаза мачењата во Ирак. Но, обидот беше попуст: Мешународниот кривичен суд ја одби тужбата со образложение дека доказите не се доволни. НО, овојпат постапката може да има друг тек.