1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Британците разочарани на сто дена до Олимпијадата

Од денеска се одбројуваат стоте дена пред почетокот на Олимписките игри во Лондон, а во британскиот главен град постои одредено незадоволство.

Додека организацискиот комитет е на добар пат со речиси сите подготвени спортски терени и речиси распродадени влезници, градот со осум милиони жители се жали дека луѓето стравуваат од сообраќаен хаос, терористички напади и сметаат дека парите се расфрлаат.

Таксистите велат дека имаат премалку работа, а возачите на метро велат дека имаат премногу. Жителите од околината на Хајд Парк отидоа на суд стравувајќи дека јавното следење на натпреварите во паркот ќе биде прегласно.

„Тешко некој да ги очекува Олимписките игри“

Најголем дел од метроата ќе мораат да затворат во 23:00 часот во периодот од 27-ми јули до 12-ти август, кога ќе се одржуваат Олимписките игри, бидејќи полицијата стравува од криминал.

„Тешко е да се најде некој кој е во очекување на Олимписките игри“, вели Тим Редер кој живее во источен Лондон, во близина на главните олимписки спортски сали во Стратфорд.

Сето ова го натера Дејвид Рандал, кој пишува уводници за весникот Индипендент, да се пожали: „Аман Британијо, запри со негодувањето“. Колку и организацискиот комитет, весниците и радиодузниот сервис домаќин ББС да се обидуваат да покренат позитивна атмосфера за Игрите, но таа задача им е отежната.

Џонатан Едвардс, кој освои олимписко злато во троскок во 2000-та и сега е посредник меѓу спортистите и организацискиот комитет, признава дека не е лесно, но генерално изразува оптимизам.

„Доживуваме тешки времиња во Европа и тоа трае неколку години. Тоа малку го придушува пријатното исчекување. Кога ќе започнат игрите, земјата ќе застане зад нив – целосно и прекрасно“, вели тој.

London Olympia Vorbereitung Luftaufnahme Stadien Skyline

Поглед на Олимпискиот парк во Лондон

Британците очекуваат сообраќаен хаос

Неодамнешна анкета покажа дека околу 10 милиони од 60 милиони Британци ќе ја напуштат земјата за време на Олимпијадата, а најголем дел од нив ги наведуваат игрите како причина за заминувањето. Многумина се загрижени за сообраќајниот хаос во Лондон во тоа време.

Системот на лондонското метро е најстар во светот и голем дел од возовите и станиците остануваат во и тоа каква потреба за ремонт, иако 6,5 милијарди фунти беа инвестирани во системот во последниве години. Една од главните линии кои го поврзуваат Олимпискиот парк со центарот на градот доби нов сигнален систем, но тоа наместо да води кон подобрување предизвика чести одложувања на метроата.

Системот на сообраќајници е дури и уште по застарен и видливо е отсуството на автопати со повеќе ленти, кои ги премостуваат градските центри, а се видливи во многу од големите градови во Европа.

40 проценти од 25.000 таксисти велат дека нема да работат за време на Олимписките игри, доколку не им биде дозволено да ги наплаќаат ноќните цени во текот на денот, како компензација за загубените патници за време на застоите во сообраќајот.

London Olympia Vorbereitung Maskottchen Big Ben

Mаскотите на Олимпијадата позираат пред симболот на градот - Биг Бен

Поголем број војници на Олимпијада, отколку во Авганистан

Организаторите на Олимпијадата се престрашени од нешто друго – терористичките напади и хоророт од нападите во метрото и автобусот на 7-ми јули 2005, еден ден по доделувањето на организацијата на Олимпијадата. Полицајци успејаа двапати да протнат експлозиви низ олимписките контроли, а неодамна и демонстрант успеа да се вмеша во бродската трка Оксфорд – Кембриџ, а тоа не ја зголемува довербата.

Иако од Скотланд Јард велат дека игрите нема да бидат „безбедносни игри“, сепак тие се подготуваат токму за тоа. Воен брод ќе биде стациониран во Темза, авионите Еурофајтер ќе бидат подготвени во хангар во близина на Лондон, а подготвени се и ракетите земја-воздух.

Дваесет и три илјади лица како безбедносен персонал, од кои 13.000 војници, треба да ја осигураат безбедноста на Олимпијадата. Бројот на војници ангажирани околу Олимпијадата е поголем од бројот на британските трупи во Авганистан.

Безбедносните грижи дополнително ги зголемија трошоците. Владата и организаторите велат дека буџетот за тоа е 9,3 милијарди фунти (14,7 милијарди долари), а критичарите велат дека се очекува трошоците да бидат далеку поголеми.