1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Британците не смеат да го користат името Кнут

Зоолошката градина во Берлин иако ја загуби својата популарна поларна мечка Кнут, го задржува правото на нејзиното име. Двеипол години по смртта на омилената мечка Зоолошката доби судски спор за заштита на марката.

Една британска фирма си ги обезбеди правата на името „Кнут - поларната мечка“ и под таа марка сакаше да продава канцелариски материјал, облека и спортски артикли. Зоолошката градина во Берлин меѓутоа во 2007 година исто така го пријави името како марка, но како „КНУД“. Зоолошката затоа поднесе тужба и доби на суд.

ЕУ судот во Луксембург донесе одлука дека постои значителна веројатност да дојде до замена на имињата, со оглед на тоа што двете се однесуваат на слични стоки. Со тоа судот ја потврди одлуката на Службата за марки на ЕУ.

Со мислите кај омилената мечка

Поларната мечка Кнут која беше родена во Берлин во 2006 година, кога беше бебе стана омилено животно на медиумите. Бидејќи неговата мајка го одби, еден вработен во Зоолошката се грижеше за мечката. Култот за Кнут донесе милиони евра во касата за Зоолошката градина на Берлин. Тоа беше „легендарна поларна мечка“, сметаат судиите на ЕУ.

Во март 2011 година Кнут се собори и се удави во неговото живеалиште. За него Зоолошката градина подигна бронзен споменик.