1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Британците нема да учествуваат во Фондот за ММФ

Во борбата против должничката криза државите од ЕУ имаат намера да ги зголемат средствата на ММФ наменети за справување со кризата за повеќе од 170 милијарди евра. Велика Британија засега не учествува во Фондот.

default

Во борбата против должничката криза државите на Европската унија ќе го поддржат Меѓународниот монетарен фонд со повеќе од 170 милијарди евра. На ова се согласија министрите за финансии на ЕУ при телефонска конференција. Во соопштениeто објaвено во Брисел се вели дека 150 милијарди евра треба да стават на располагање 17 земји на еврозоната, меѓу нив Германија со 45 милијари евра. Придонес ќе дадат и Шведска, Данска, Полска и Чешка. Велика Британија засега нема да учествува во Фондот. Обединетото Кралство на почетокот на идната година во рамките на Г20 земјите ќе донесе одлука за својот придонес, се вели од Лондон.

На последниот самит на ЕУ беше договорено да се даде нов придонес во висина од 200 милијарди евра за ММФ. Европската унија ги повика земјите кои се финансиски силни, да учествуваат во фондот за ММФ.

Автор: АТ/ ЖА/дв

Редактор: Ж. Ацеска