1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Британците го шпионирале целиот свет

Прво беше „Призма“, во меѓувреме е откриена и „Темпора“. Преку оваа програма британската тајна служба шпионирала милиони луѓе ширум светот. Германските политичари се лути и бараат одговори.

Ова е „кошмар а ла Холивуд“ - вака германската министерка за правда Сабине Лојтхојзер-Шнаренбергер ја окарактеризира програмата „Темпора“. Зад ова име, според пишувањето на „Гардијан“, се крие голема шпионска програма на британската тајна служба. Со таа програма се доаѓало до податоци од подморскиот оптички кабел, се прислушувале телефони и се следела интернет комуникацијата. Гардијан се повикува на документи кои му биле доставени од некогашниот службеник на американската тајна служба, Едвард Сноуден.

Со програмата „Темпора“ биле погодени и германските корисници на интернет. Шпионираните содржини наводно биле чувани три дена, но ИП адресите и телефонските броеви и до еден месец. Колку Германци биле погодени од аферата засега не е познато. И токму поради тоа, и критиките, кои ги надминуваат партиските рамки, стануваат се‘ погласни.

Итно сопирање на програмата

Константин Фон Ноц, портпарол на Зелените за внатрешни прашања во германскиот Бундестаг, вели дека „тоа што се случува е спротивно на

Großbritannien Government Communications Headquarters Hauptsitz

Седиштето на британската служба за комуникации

меѓународното право и мора веднаш да биде сопрено“.

„Владата во Берлин мора да покрене процес против Велика Британија поради кршење на важечките договори. Мораме да отвориме иницијатива во Обединетите нации да се усвои конвенција за заштита на приватната сфера во интернетот. Освен тоа треба да се размисли и за отворање постапка пред Уставниот суд за да се документира неуставноста на ваквите постапки“, вели Фон Ноц.

Слично мислење има и Гизела Пилц, заменик-претседател на пратеничкиот клуб на либералите, која е експерт за заштита на кориснички податоци.

„Со голема загриженост и вчудоневиденост гледаме на тоа какви се‘ податоци биле собрани и сочувани“. Нејзината партиска колешка и министерка Лојтхојзер-Шнаренбергер говори за „катастрофа“ која мора да биде расчистена на европско ниво.

Најголем шпионски проект

USA PRISM Internet Überwachung Quelle Edward Snowden

Едвард Сноуден

Претседавачот на Одборот за внатрешни прашања во Бундестагот од редовите на ЦДУ, Волфганг Бозбах, стравува за веродостојноста на демократијата. „Прашањето е дали граѓаните ќе ја загубат довербата во државата, а со самото тоа и во нашата демократија, доколку не се сигурни дека тајната служба го работи само она што навистина треба да го работи“.

Експертот за заштита на податоци од СПД, Геролд Рајхенбах смета дека оваа форма на борбата за безбедност е недозволена. „Ние сега сакаме да знаеме што сојузната влада знаела за тоа“, вели Рајхенбах.

Шпионската програма „Темпора“ ја откри пребеганиот американски аналитичар Едвард Сноуден. Според него, „Темпора“ е „најголемиот шпионски проект во историјата на човештвото“.