1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Британско - француско партнерство

Велика Британија и Франција имаат намера да ја засилат соработката. Британскиот премиер, Гордон Браун, по средбата со францускиот претседател, Никола Саркози, изјави дека двете земји отвораат нова етапа во односите.

default

Францускиот претседател и британскиот премиер со сопругите во Лондон

Франција и Велика Британија постигнаа согласност пред се‘ за билатерални договори. Гордон Браун и неговиот гостин од Париз се согласија да ги зајакнат контролите против илегалните доселеници од двете страни, а потпишан е и договорот за кој претходно се дискутираше - за изградба на нова атомска централа. Двете земји се залагаат за поголема транспарентност на меѓународните финасиски пазари, а од банките се бара во иднина да информираат опширно за загубите доколку се тие поврзани со кредитна криза. Освен тоа, Браун и Саркози најавија поддршка за Африка, пред се‘ во образованието, каде ќе бидат отворени 16 милиони нови места во училиштата во наредните две години.

Глобална Европа

Во меѓувреме, веќе не се зборува за мотор со многу коњски сили кој треба да ја води напред Европа и меѓународната заедница. Тука е постигната согласност за терминот „глобална Европа“. Браун фаворизира, исто како и порано, глобализација, додека Саркози с‘ржта на своите напори ја гледа во ЕУ. Саркози признава дека и по оваа државничка посета, има разлики кои остануваат: „Се разбира, имаме различни ставови околу субвенциите, во земјоделската политика на ЕУ. Разговаравме и за тоа. Каков би бил тој сојуз доколку спорните теми останат настрана? Заедно сме посилни.“


На прес конференцијата, британскиот премиер, Браун, подвлече: „Британците и Французите го сочинуваат јадрото на глобална Европа.“

Staatsbesuch Sarkozy trifft Brown

Саркози и Браун тврдат дека нивното партнерство не е насочено против Германија


Што се однесува до повторното заживување на европската одбранбена иницијатива, како и до НАТО, разликите остануваат, исто како и при дефиницијата на европскиот мотор: „Нема промена на курсот. Германско-француската оска е потребна исто толку колку и силата на Велика Британија. Гордон Браун и Ангела Меркел, колку што ми е познато, се разбираат одлично. Тоа е Европа денес, така се оди напред“, изјави Саркози.


Актуелниот британски премиер, Браун, важи за многу поскептичен кон Европа отколку неговиот претходник, Блер. Тука, досега, ништо не можеше да промени ниту многу темпераментниот француски претседател.