1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Британски парламентарец ќе ја сондира Македонија

Известувачот за Македонија во Советот на Европа, Британецот Роберт Валтер од утре доаѓа во посета на Македонија. Ќе го анализира напредокот на земјата во клучните полиња

Постмониторинг дијалогот за обврските што ги има преземено Република Македонија со членството во Советот на Европа во 1995 година, Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го води уште од 2000 година. За време на тој период се променија повеќе известувачи, последниот, британскиот парламентарец Роберт Валтер од редовите на Групата на европските демократи по трет пат ќе ја посети Република Македонија (од 31 октомври до 2 ноември), каде ќе има разговори со највисоките државни раководители, политички партии и претставници на невладините организации.

Пресудата од Меѓународниот суд не дозволи напредок

Во претходните посети тој направи проценка на евроатлантската интеграција на Македонија, која е блокирана поради нерешеното прашање со името. Одлуката на Меѓународниот суд на правдата, според него не дозволи да се постигне напредок во евроатлантската интеграција на земјата. Одлуката на Европската комисија да отвори „дијалог на високо ниво“, како што дознаваме од наши извори во ПССЕ, според известувачот, може да ја охрабри Македонија да ги забрза исполнувањата на обврските кои се уште не ги има исполнето и истовремено да не го намали еланот во областите во кои се чекаат резултати.

Слободата на медиумите

Во изминатите посети, Валтер посебно се интересираше за изборниот и постизборниот период во земјата, функционирањето на парламентот за што претставниците на опозицијата се пожалиле дека владата има превласт над парламентот, слабоста на парламентарната дебата, усвојувањето на многу закони по кратка постапка, отфрлање на измените предложени од опозицијата.

Британскиот парламентарец, посебно се интересирал за слободата на

Mazedonien Presse TV Sender TV A1 in Skopje

Слободата на медиумите ќе биде една од темите на посетата

медиумите во Македонија во контекстот на затворањето на телевизијата А1 и трите дневни весници, политичкото назначување на девет од петнаесетте членови на Советот за радиодифузија, што не е во согласност со Препораката (2000)23 на Советот на Европа, како и донесувањето на законот за декриминализација на клеветата.

Охридскиот договор и малцинствата

ПССЕ, исто како и ЕУ посебно внимание му посветува на спроведуањето на дело на Охридскиот рамковен договор. Според информациите кои се доставени во Стразбур, 22% од припадниците на полицијата и 13% на судскиот персонал се припадници на малцинските заедници. Но барем засега нема јавен извештај со база на податоци за следење на спроведувањето на Рамковниот договор. Опозициската ДПА смета дека Рамковниот договор во моментов не нуди никаква политичка и економска перспектива на граѓаните, и дека тој не само што не ја подобрил нивната положба, туку играл и против напредокот на нивните права. Но од друга страна другите сметаат дека Договорот е составен дел од Уставот.

Известувачот на ПССЕ посебно се интересира за ситуацијата на Ромите и мерките кои се преземаат во Македонија за подобрување на нивните животни услови. Невладините организации го привлекле неговото внимание во однос на проблемот со лажните азиланти од кои најголемиот број се Роми, како и сомневањата дека властите користат мерки за спречување на лажните азиланти кои не се во согласност со меѓународните правни инсрументи на Советот на Европа. Тука се мисли на конфискацијата на пасошите и промената на кривичниот законик. Притоа ПССЕ посебно инсистира да се почитува фундаменталното право според кој „секое лице има право да ја напушти својата земја“.

ПССЕ е загрижено и за меѓуетничките односи во земјата, по серијата на пролетни инциденти и убиството на петтемина млади во близината на Скопје, убиства кои според властите се мотивирано од радикалниот ислам и не се од етничка природа.

Во однос на локалната демократија и децентрализацијата, Конгресот на локалните и регионалните власти на СЕ, го усвои извештајот во кој се вели дека „Република Македонија постигнала значаен напредок, кој води кон локална демократија и децентрализација со подобар квалитет, како и кон добро функционирање и соработка меѓу општините и централната власт“. Покрај

Kind im Roma-Slum Shutka

Известувачот ќе се интересира за состојбата со Ромите

поголемата вклученост на граѓаните во функционирањето на локалната демократија, Конгресот побара и зголемување на изворите за финансирање на локалните власти.

Известувачот се интересира и за борбата против корупцијата, лустрацијата и ситуацијата со разместените лица и бегалците.

Користење на експертизите на Советот на Европа

Во првичните заклучоци, кои ќе бидат доработени по најновата посета, известувачот смета дека Република Македонија напредува кон исполнувањето на своите обврски, но дека таа останува поделена по политички и етнички линии и дека спроведувањето на законите останува проблематично, за што одговорноста лежи врз владеачките партии. Исто така, според него не смее да се потценуваат подобрувањата кои ги донесе Охридскиот договор. За да Македонија напредне во исполнувањето на обврските и преземените реформи во борбата против корупцијата, јавната администрација и независноста на судството. На крајот се советува зајакнување на соработката на Република Македонија со Советот на Европа и екпертизата која може да ја добие од најстарата паневропска организација.

Извештајот на Роберт Валтер може да се очекува да се рагледа од ПССЕ во текот на првата половина на 2013 година.

Поврзана содржина