1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Британски маринци обвинети за убиство во Авганистан

Петмина припадници на армијата на Велика Британија се обвинети за убиство во Авганистан, откако полицијата случајно открила докази на компјутерот на еден од нив

Петмина британски маринци се обвинети за убиство на југот на Авганистан, соопшти британската армија. Тие се дел од групата од деветмина маринци кои беа уапсени минатата недела, но против четворива не е подигнато обвинение.

Инцидентот за кој се обвинети се случил минатата година во провинцијата Хелманд, каде се распоредени поголемиот дел од вкупно 9.500 британски војници во Авганистан.

Официјалните претставници на армијата соопштија дека во инцидентот биле вмешани бунтовници, но не и цивилно население.

Министерството за одбрана соопшти дека обвинетите се сместени во притвор. Тие се први британски војници обвинет за убиство во Авганистан од 2001. година кога британските сили беа распоредени во оваа земја.

Маринците биле откриени и уапсени откако цивилната полиција во Велика Британија случајно пронашла видео материјал на личниот компјутер на еден од војниците кои служеле во Авганистан.