1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Британските улици останаа мирни

Ситуацијата во Велика Британија полека се смирува. Парламентот во Лондон денеска ќе расправа за големите берзредија во повеќе градови во земјата кои однесоа четири животи.

default

Засилено полициско присуство на улиците во британските градови

Масовното полициско присуство и поројниот дожд во текот на ноќта ги смирија страстите на улиците низ Велика Британија по повеќедневното насилство и нереди. Во Лондон беше мирно втора ноќ по ред, а се смирува состојбата и во Манчестер, Бирмингем и Ливерпул. Во немирите загинаа најмалку 4 лица, а повеќе од 1.300 беа уапсени низ цела Англија.

Ausschreitungen in Grossbritannien

Премиерот Дејвид Камерон

Судовите во неколку градови воведоа ноќни смени, за да ги процесуираат сите случаи на насилство.

Насилството започна минатиот четврток по убиството на еден осомничен маж во Лондон од страна на полицијата.

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска треба да му се обрати на парламентот во врска со нередите кои ја зафатија земјата. Потоа пратениците кои беа повикани да се вратат во земјата од годишниот одмор ќе расправаат за безредијата и мерките за нивно спречување.

Автор: БГ/ СН/ ројтерс/ дв

Редактор: Александра Трајковска