1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Британските маринци, по враќањето од заробеништво, станаа магнет за медиумите

Тие првобитно добија дозвола да го опишуваат доживеаното во Иран, но се чини дека претерале – посебно во кревањето на цената за настапи во медиумите, така што владата сега го забрани тоа

Феј Трни и уште еден од маринците

Феј Трни и уште еден од маринците

Тоа се војници на британската армија, а не обезбедувачи на коефициенти на гледаност во “реалити-шоу” програмите, критикуваат весниците во земјата. На министерот за одбрана Дес Браун му се забележува дека реагирал предоцна и не ја спречил од самиот почеток маркетиншката стратегија. Министерот ја призна грешката. Медиумскиот циркус избега од контрола и владата мораше да повлече кочница.

Воената морнарица тврди дека и покрај сето возбудување, правилата не биле прекршени, а посебниот интерес на јавноста дозволувал војниците да смеат да ги наплатат искажувањата. “Ние не ги охрабривме да им продадат на медиумите своите доживувања” – вели вицеадмиралот Адриан Џонс. Според него, најважно било војниците со свои зборови да ги опишат доживувањата.

Единствената жена меѓу 15-те маринци, Феј Трни, тоа го направи за хонорар од наводно околу 225 илјади евра. За булеварскиот весник “Сан” и за телевизијата ИТВ таа зборуваше за смртниот страв од тоа како ќе реагираат Иранците кога ќе забележат дека меѓу заробените има и жена. “Цело време беа втренчени во мене. Тоа беше ненормално”. Таа раскажуваше за заканите дека никогаш веќе нема да си ја види ќерката доколку не соработува и не напише погрешно признание: “Се чувствувам како предавничка на мојата сопствена земја”. Но, немала избор, оти инаку ќе била осудена како шпионка, вели Феј Трни.

И војникот Артур Бечелор, за ексклузивен хонорар, раскажуваше за стравот и понижувањата – како иранските гардисти го лутеле нарекувајќи го како “мистер Бин”, според познатиот комичен филмски и телевизиски лик, како во почетокот во затворската ќелија плачел како бебе.

Таквите подробности не ја иритираа јавноста, туку фактот дека војниците ги наплатувале – и тоа скапо, своите искажувања и се однесувале како телевизиски ѕвезди. “Мислам дека сега треба се’ да стивне. Имаше прес-конференција” – се лути Реџ Кејс, чиј син загина во ирачката војна, оценувајќи дека натамошна медиумска капања само ги загрозува другите војници кои и натаму се ангажирани во регионот. “Тоа во никој случај не е од полза за односот меѓи Иран и Велика Британија, вели Кејс.

Остра критика дојде и од војската. Ценкањето за насловите не само што му штети на угледот на британската армија, туку создава впечаток дека владата ги користи маринците за свесно правење антииранско расположение, наместо да вложи напори за дијалог, аргументираат повеќемина високи по ранг офицери, како и опозициони политичари. Либералдемократите и конзервативците веќе најавија дека расправата ќе ја продолжат во парламентот.

Иран, пак, игра врз силата на сликите, прикажувајќи на телевизија снимки од британските маринци додека беа во затвор - но не со престрашени лица, туку весело шегувајќи се и, како што се чини, во најдобро расположение.