1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Британските маки со европското вето

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска во британскиот парламент ќе го образлага британското „не“ за промени на ЕУ-договорите. Прашањето се претвора во прв голем тест за владината коалиција во Лондон.

default

Дејвид Камерон ќе поднесе владина изјава

Се премислуваше два дена, но затоа на крајот најде ефектни зборови - Ник Клег, шефот на британските либералдемократи и вице-премиер, вчера (11.12) го отфрли ветото на неговата влада против промена на ЕУ-договорите. „Горчливо сум разочаран од резултатите на самитот минатата недела и тоа затоа што сега постои реална опасност Обединетото Кралство со текот на времето да биде истуркано на маргините во ЕУ и да загуби на тежина.“

Nick Clegg / Liberaldemokraten / London

Коалициониот партнер критикува, Ник Клег

Според Клег, бескомпромисниот став на Камерон е штетен за британските граѓани: „Не верувам дека е тоа добро за работните места, ниту во финансиската метропола Лондон, ниту на друго место, а не е добро ниту за семејствата во земјата.“

Помалку критика, повеќе поддршка од сопартијците

Критички гласови се слушнаа и од редовите на конзервативците, партијата на Камерон. Министерот за правда Кен Кларк, еден од малкуте ангажирани проевропски ториевци, курсот на својот шеф го означи како разочарувачки и

Großbritannien Außenminister William Hague

Шефот на британската дипломатија со поддршка за премиерот

отуѓувачки. Сепак, Кларк е аутсајдер во кабинетот и во партијата. Верните соработници на Камерон го бранеа во текот на викендот. Меѓу нив и министерот за надворешни работи Вилијам Хејг: „Целата влада, во предвечерјето на самитот, застана за британските барања кои морааа да бидат исполнети за да се каже ’да’. Овие услови не беа исполнети и Камерон со своето вето постапи правилно.“

Министерот за финансии Џорџ Озборн дури тврди дека Велика Британија ја заштитила ЕУ: „Не истапуваме од ЕУ, ние ја заштитуваме ЕУ како институција која е добра за сите 27 земји членки, вклучително и Велика Британија. Велика Британија секогаш ќе седи на маса коа станува збор за британски потреби и британски економски прашања, но истовремено сосема е јасно дека ако членките на евро-групата сакаат посилно приближување една до друга, без притоа да се заштитат британските интереси, тие ќе мора тоа да го направат сами и за тоа нема да можат да ги користат институциите на ЕУ.“

Милибанд: лош „дил“ за Велика Британија

Се претпоставува дека Дејвид Камерон попладнево (12.12) ќе аргументира слично при давањето владина изјава во парламентот околу британското вето.

Ed Miliband

Ед Милибанд го поддржува Ник Клег

Опозиционата Лабуристичка партија, пак, прави напори и натаму да создава поделеност во коалицијата. Шефот на партијата Ед Милибанд демонстративно му дава за право на Ник Клег: „Тоа беше лош ’дил’ за Велика Британија. Во иднина 26 земји ќе постапуваат без нас кога ќе станува збор за носење важни економски одлуки. Дејвид Камерон при овие преговори беше навистина лош.“

Кај британските избирачи, меѓутоа, се чини дека курсот на Камерон наидува на позитивно ехо. Во првата анкета по ветото, иако направена по налог на провладиниот „Дејли Мејл“, 62 проценти од испитаниците изјавиле дека премиерот постапил правилно, а против се изјасниле само 19 проценти. Истата анкета покажува дека речиси половина од Британците во моментов се за излегување на земјата од ЕУ, а само 33 проценти за останување во Унијата. 65 проценти Британци се убедени дека еврото ќе пропадне, додека 70 проценти од испитаниците се на мислење дека драматичнито самит на ЕУ ја направил Германија премоќна во Европа.

Автор: Себастијан Хесе / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска