1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Британските банки ќе им плаќаат обесштетување на клиентите

Британските надзорни власти им наредија на голем број банки во земјата да им платат обесштетување на клиентите поради давање погрешни совети. Банките мора да „избројат“ 1,3 милијарди фунти (1,5 милијарди евра).

Британската институција за надзор на финансиското работење ФЦА денеска (22.08) соопшти дека банките мора да им исплатат обесштетување на седум милиони свои клиенти. Тие биле убедувани да склучат осигурување за своите кредитни картички или против кражба на лични документи. Муштериите добивале погрешни информации, кои или не биле точни или биле недоволно јасни, констатира ФЦА. Само поради тоа, толку многу муштерии склучиле осигурување кое или не им било воопшто потребно, или покривало ризици кои не постоеле.

На тој начин, 13 банки, меѓу кои и големите банки како Баркли, ХХСБЦ, Ројал Банк оф Скотланд и една филијала на Лојдс Банкинг Груп и фирмите за кредитни картички соработувале со осигурителното друштво Кард Протекшн План (ЦПП). Сега сите заедно мора да го платат обесштетувањето од 1,5 милијарди евра.

Британските банки се вклучени во низа скандали, како манипулација со важните меѓубанкарски стапки Либор и Еурибор и продажба на непотребни кредитни осигурувања.