1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Британскиот министер за финансии се закани со излегување од ЕУ

Останувањето на Велика Британија во ЕУ, според министерот за финансии Џорџ Озборн, зависи од подготвеноста на Унијата за реформи.

За да се спречи економски пад и излегување на Велика Британија од ЕУ „итно треба да се спроведат економски реформи“, изјави денеска (15.01) британскиот министер за финансии Џорџ Озборн на конференција, на која присуствуваше на покана од две евроскептични организации во Лондон.

„Европа има едноставен избор - реформи или пад“, рече Озборн, според кого „најголемиот економски ризик“ за ЕУ не доаѓа од оние кои бараат реформи и нови преговори за условите за членство во Унијата, туку од оние кои тоа го отфрлаат.

„Интеграција на еврозоната е неопходна за преживување на еврото, но апсолутно е неопходна и заштита на правата на членките на ЕУ кои го немаат еврото со цел да се зачува единствениот пазар и за Велика Британија да може да остане во ЕУ“, нагласи Озборн, особено посочувајќи ја притоа неопходноста од заштита на Лондон како финансиска метропола.

Критиката на Озборн на сметка на ЕУ се оценува како негов обид за зајакнување на профилот на неговата партија пред Европските избори во мај, наспроти евроспектичната Укип (Партија на независноста).

Поврзана содржина