Британија jа засилува борбата против затајувањето данок | Економија | DW | 02.05.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Британија jа засилува борбата против затајувањето данок

Се стеснува просторот за затајувачите на данок. Британските прекуокеански области ќе мораат автоматски да даваат информации за банкарските сметки и нивните сопственици. Британски даночни оази сепак има и понатаму.

Даночните оази како Кајманските острови или Бермудите во иднина ќе треба потесно да соработуваат со Велика Британија и останатите ЕУ-држави за да се избегне затајување на данок. Ова денеска го најави британскиот министер за финансии Џорџ Озборн. Британските прекуокеански простори, меѓу кои покрај другите се вбројуваат и Кајманските острови како и Бермудите, во иднина ќе мораат автоматски да ги стават на располагање информациите за сопствениците на банкарските сметки, соопшти британското министерство за финансии. Информациите треба да им бидат достапни и на Германија, Франција, Италија и Шпанија.

Два важни офшор центри, имено Џерси и Гернзи меѓутоа се’уште не дале согласност да даваат информации за други земји освен за Велика Британија.

Изминатиот јуни беше постигната согласност за потесна соработка во борбата против даночните затајувачи. На средината на април годинава, министерот Озборн на средбата на министрите за финансии во Даблин најави дека даночните оази кои се во британската сфера на влијание мораат да се отворат. Областите кои се директно под британската круна, Англо-нормандиските острови, островот Ман во Ирското Море, веќе имаат воведено автоматско споредување на податоците. Со прекуокенаксите области, како Кајманските острови или Девствените острови преговорите биле во одмината фаза, објави Озборн во Даблин.

Борбата против затајувањето на данок е важна тема во ЕУ. Неодамна Луксембург изрази готовност во иднина на ЕУ да и’ испорачува податоци за банкарските сметки на странци. Во рамките на ЕУ, за тоа е затворена само уште Австрија. Велика Британија неодамна беше критикувана посебно од Австрија поради даночните оази во британските прекуокеански области.