1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Британија и САД ги таргетирале ЕУ, германската и израелска влада

Британските и американски тајни служби се обвинети за следење на телефонските линии на германските владини институции. Лондон и Вашингтон се исто така обвинети дека ги шпионирале претставниците на ЕУ.

Американската НСА и британската ГЦХК (на насловната фотографија) во фокусот на следење ги ставиле Брисел и Берлин, но и канцеларијата на израелскиот премиер. И оваа информација протече од Еврард Сноуден, а во неа е наведена листа на стотици потенцијални цели на следење. Документот сепак не покажува дали или не биле следени телефонските броеви и ако биле колку долго и колку интензивно било тоа. Информацијата беше објавена од германскиот магазин „Шпигел“, како и од американскиот весник „Њујорк тајмс“ и од британскиот „Гардијан“.

На листата стои кодот за пристап до базата со податоци на германската влада и линкови од неколку владини министерства. На листата го има и бројот на германската амбасада во Руанда.

Symbolbild NSA Sammeln von Telefondaten verfassungswidrig

Обама смета дека НСА не работела спротивно на американските закони

На листата се наоѓа и заменик-претседателот на Европската комисија Хоакин Алмунија, кој е и еврокомесар за конкурентрност и е задолжен за антимонополски истраги, а е вклучен и во долготрајниот случај за конкурентност кој се однесува на гигантот во интернет сферата „Гугл“. Европската комисија порача дека доколку веста се потврди, а таа е низа од други такви вести, тогаш тоа е неприфатливо. „Ова не е однесување какво што очекуваме од стратешки партнери“, порача Европската комисија преку еден од своите портпароли.

НСА преку својот портпарол, пак, негираше дека шпионирала со цел да им помогне на американските бизниси. НСА тврди дека „странските разузнавачки капацитети не се користат за кражба на трговските тајни на странските компании“.

Американскиот претседател Обама, во својата завршна прес-конференција пред крајот на годината, рече дека тоа што го објавува Сноуден ја разниша „довербата“ на некои Американци. Обама рече дека подготвува „прилично одбранбена изјава за ова во јануари“. Обама смета дека она што НСА го прави не е спротивно на американскиот закон. Тој најавува реформа за запирање на праксата до пет години да се зачувуваат снимките од телефонските разговори.