1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Британецот Хауит на местото на Талер

Комисијата за надворешни работи на Европарламентот го избра британскиот европратеник Ричард Хауит за нов известувач за Македонија. Тој ќе го наследи Зоран Талер и ќе ги изготвува извештаите за напредокот на Македонија

default

Британескиот европратеник Ричард Ховит

Педесетгодишниот Ричард Хауит е член на Прогресивната социјалистичка група во Европскиот парламент од 1994 година, каде доаѓа од редовите на Лабуристичка партија на Велика Британија. Студирал политички науки, филозофија и економија на Оксфорд. Од задачите кои ги извршувал во Европскиот парламент да наведеме дека тој бил прв заменик претседател на подкомисијата за човекови права, претседател на меѓу групата за хендикепирани лица и истовремено активист за борба против нивната дискриминација, а бил заменик претседател на комисијата за регионална политика.

Хјувит е деклараиран приврзаник на проширувањето на ЕУ

На пленарните сесии тој јасно се изјасни во полза на процесот за проширување на Европската Унија кон земјите од Балканот и Турција.

„Денешната дебата и резолуцијата му даваат прилика на новиот Европски парламент да се вклучи повторно во процесот на идното проширување на Европската Унија, да ги констатира позитивните напредоци во земјите кандидати, во речиси сите случаи, и да потсети дека либерализацијата на размената, заштитата на стабилноста и подобрувањето на контролата на нашите граници и бројните можности за патувања и слободна размена на нашите сограѓани, не ја слабеат, туку напротив само ја зајакнуваат Европската Унија“, истакна Хауит при разгледувањето на стратегијата за проширување на ЕУ кон Хрватска, Турција и Македонија во ноември 2009.

Британскиот европратеник како известувач за Македонија доаѓа на местото на неговиот поранешен колега од истата политичка група, словенецот Зоран Талер, кој поднесе оставка по скандалот со наводна корупција.

Изборот поздравен и од спротивниот табор

Изборот на Хауит е поздравен дури и од другата спротиставена политичка група во Европскиот парламент – Групата на Европските народни партии.

Bernd Posselt / Europaparlament / EU-Parlament / Straßburg

Бернд Поселт

„Тој е отворен за проширувањето, тој е многу професионален пратеник со големо искуство. Не го знам неговото мислење за Македонија, но се надевам дека тоа е позитивно. Не е во прашање само тоа што тој е Британец, туку тука е и неговата припадност на политичката група, Хауит е левичар, но ќе видиме“, изјави за Дојче Веле, германскиот европратеник Бернд Поселт.

„Известувачот е координатор на мислењата на различните политички групи во Европскиот парламент и тој работи на изнаоѓање на компромис. За да има мнозинство тој треба да работи со сите и посебно со групата на Европските народни партии, бидејќи таа е најголемата парламентарна група во ЕП. Без нашата група не може да го има извештајот на Хауит и мислам дека можеме да работиме со него на извештајот за Македонија“, објаснува Поселт.

Инаку, на состанок на европратениците од групата на Народните партии со претставниците на Меѓународната Паневропска Унија, посветен на проширувањето на ЕУ кон Хрватска и Македонија, Бернд Поселт предупреди на опасноста од запирање на процесот на проширување по приемот на Хрватска и дека пречките за Македонија ќе бидат уште поголеми, бидејќи повеќе земји ќе направат обиди за негово запирање.

„Сега е должност на ЕП и на Паневропската Унија јасно да кажат дека Европа не е целосна без Македонија“, вели Поселт.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM