1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Брисел ќе ја преиспитува визната либерализација за Македонија и Србија?

Бројот баратели на азил од Србија и од Македонија во Германија, според магазинот „Фокус“, расте, иако стапката на позитивни одговори е нула. Брисел ќе ја преиспита визната либерализација за овие две земји.

Констатацијата за пораст на барателите азил од Србија и од Македонија е одговор на германската влада на прашање на политичарот од Христијанско-социјалната унија Ханс-Петер Ул. До август во Германија допатувале 4272 односно 2555 луѓе од овие земји.

Претседателот на Комисијата на Бундестагот за внатрешна политика Волфганг Бозбах за магазинот „Фокус“ изјавил дека е потребно итно преиспитување на визното ослободување за овие држави. Комбинацијата од визна либерализација, повисоки социјални примања за барателите на азил и стапката од нула во признавањето на овој статус е „фатална“.

Правото на азил не е „право и на социјална помош, итно мораме да ја преиспитаме визната либерализација“, предупредува Бозбах.

Доколку во Шенген просторот бидат примени и Романија и Бугарија, проблемот може да се заостри. Според наводите на „Фокус“, советот на министрите за внатрешни работи на ЕУ на следната седница треба да ја провери визната либерализација за луѓето од Македонија и од Србија.

Последно покраината Баварија извести за драстичен пораст на баратели на азил од овие две држави, така што прифатните центри, меѓу другото во Цирндорф, биле преоптоварени. Таму како преодно решение терба да бидат поставени шатори кои можат да се загреваат, како што најави покраинската министерка за социјала Кристине Хадертауер од ЦСУ.