1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Брисел ја принуди Полска да ги намали патарините

Патарината од јуни годинава во Полска ќе биде поефтина. Тоа е резултат на притисокот на Брисел врз владата во Варшава. Причината е во тоа што дел од автопатот во Полска се финансира од фондови на ЕУ

За разлика од Хрватска каде поскапуваат патарините, и Словенија каде со години веќе траат обидите да се влијае на намалување на цените на вињетите за автопатот, во Полска, ЕУ беше поуспешна. Веќе од јуни годинава патарините во Полска ќе бидат поефтини, токму во пресрет на почетокот на Европското првенство во фудбал.

За разлика од случајот со Словенија, патарините во Полска ќе бидат речиси двојно поефтини. Како главен аргумент притоа се користи фактот што за изградба на автопатиштата биле користени пари од ЕУ, па оттука преку наплата на патарините не се дозволува да се остварува профит, туку само да се покриваат трошоците.

Интересно е што и новите словенечки автопатишта беа изградени со помош на ЕУ, но допрва ќе треба да се истражува дали тие со наплатата на патарините профитираат, или само си ги покриваат трошоците.

Lkw-Maut Lkw auf Autobahn

Од воведувањето на електронската наплата на патарините, полските автопатишта станаа многу вносни делници. Поради тоа, можно е, ЕУ да побара и враќање на дел од субвенциите. За да не дојде до тоа, полското министерство одлучи да ги намали цените.

Просечната цена на автопатиштата кои беа под државна капа во Полска досега изнесуваше околу пет евроценти за километар, а во иднина ќе изнесува двојно помалку. Кај оние со кои управуваат приватни компании, цената останува околу седум евроценти за километар.