1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Брисел ја потсетува Хрватска на правата на малцинствата

Правата на малцинствата се една од основите на ЕУ и тие мора да важат и во Вуковар - гласи пораката од Брисел по протестите против воведување на кирилицата како писмо рамноправно на латиницата во тој град.

Владеењето на правото и помирувањето се принципи врз коишто е заснована ЕУ и за тоа мора да се свесни сите на европскиот континент - и граѓаните кои тоа мора да го почитуваат и власта која тоа мора да го спроведува, гласи пораката на Европската комисија по протестите против воведување на српски јазик во Вуковар.

„Ако постојат закони тие мора да се почитуваат“, вели за ДВ Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе. „За регионот е специфична потребата за помирување и добри односи, не само со соседите, туку и со малцинствата во земајта. Тоа се два важни принципи кои мора да се имаат предвид, посебно кога се работи за чувствителни прашања како што е, да речеме, она во Вуковар“, изјави Стано за Дојче веле.

Минатиот викенд (02.02.13) околу 20.000 хрватски граѓани и ветерани протестираа во Вуковар против воведување на српскиот јазик и кириличното писмо во официјална употреба, што инаку на националните малцинства кои чинат повеќе од третина од населението на некоја локална самоуправа им е загарантирано

Peter Stano Pressesprecher der EK für Erweiterung und Nachbarschaftspolitik

Петер Стано: Ако постојат закони тие мора да се почитуваат

 со хрватскиот Устав. Европската комисија во принцип не коментира вакви случувања, ниту одделни мислења, но потестува на основните принципи на ЕУ и „принципите на членство во ЕУ“.

„Почитувањето на владеењето на правото се однесува на сите. Самото членство во ЕУ служи за тоа да се обезбеди, зашто тоа е врежано во нашето законодавство и функционирањето на ЕУ. Сите мора да бидат свесни за тоа и така и да се однесуваат“, вели Стано.

Либор Роучек, известувач на Европскиот парламент за Хрватска, во разговор за ДВ потсетува дека на минатогодишниот попис 35 отсто од граѓаните на Вуковар се изјасниле како Срби и дека нивните права, исто како и правата на останатите малцинства во секоја друга европска земја, мора да се почитуваат: „Не би советувал некакво менување на Уставот. Хрватските закони се фер и добри. Ситуацијата во Вуковар е чувствителна, во тоа нема сомневање. Луѓето се‘ уште добро се сеќаваат на случувањата од војната. Но, во интерес на Хрватска, на Србија и на соседите, е да се работи на помирување и да не се гледа во минатото, туку во иднината.“