1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Брисел притиска, времето притиска, спорот останува?

Мнозинството земји членки во Европската Унија не сакаат да дозволат да се повтори пост букурешкото разочарување во Македонија доколку на седми декември не биде одреден датум за почеток на преговори со ЕУ.

default

Словенечкиот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар денеска од Брисел и‘ порача на Грција дека ако не даде мандат за преговори со Македонија на претстојниот министерски состанок, таа ќе мора да даде солидни гаранции дека тоа ќе се случи идната година. Според официјална Љубљана, ЕУ мора да најде начин да го одржи ентузијазмот во Македонија и мора да спречи разочарување кај граѓаните.

Брисел покажува дека се врши притисок на двете земји да го решат спорот. Високи дипломатски извори во Европската унија денеска потврдуваат дека Македонија дефинитивно ќе се најде на дневниот ред на министерските дискусии в понеделник, но заклучоците се‘ уште интензивно се преговараат во европските престолнини.

Од Грција ќе се бара кооперативност

Земјите поддржувачи на Македонија сметаат дека Европа не смее да дозволи проевропското расположение да се замени со националистичка реторика ако нема датум за преговори на седми декември, поради тоа ќе мора да се издејствува силно охрабрување во конечниот министерски текст, а од Грција ќе се бара да биде кооперативна.

Дипломатите во Брисел сметаат дека премиерот Јоргос Папандреу е вистинскиот човек за решавање на спорот. Поради тоа, европскиот пристап кон Атина деновиве ќе биде внимателен бидејќи мора да се избегне Грција да биде ставена во ќош. Грците се особено чувствителни по ова прашање и за нив европските партнери мораат да имаат разбирање.

Земјите членки се надеваат дека премиерот Груевски и

Mazedonien Außenminister Antonio Milososki zu Kosovo

Антонио Милошоски денеска е во Брисел

неговата влада ќе бидат конструктивни и дека ќе покажат дека се подготвени да изнајдат заеднички прифатливо решение со јужниот сосед. Претстојните министерски заклучоци ќе се осврнат уште еднаш на важноста од одржување добрососедски односи во регионот, информираат од Советот на ЕУ.

Атмосефрата во Брисел сега е попозитивна отколку атмосферата пред Букурешт

Министерот Антонио Милошоски кој денеска учествува на состанок во НАТО потврдува дека атмосферата кај земјите членки на ЕУ е многу попозитивна кон Македонија отколку пред Букурешт и тој не ја исклучува можноста дека до крајот на следната недела се‘ уште има шанса да се добие дологоочекуваниот датум за преговори.

Инаку, се‘ почесто во Брисел се споменува можноста премиерот Груевски уште еднаш да допатува во Брисел, идниот вторник и да оствари трета средба со грчкиот колега. Премиерот е поканет да учествува на конференција за Балканот во Брисел. Се‘ уште е неизвесно дали премиерот ќе прифати, а уште понеизвесна е евентуалната средба со Папандреу, велат македонски дипломатски извори.

Сепак, речиси никој во ЕУ не очекува идната недела да биде донесен конкретен датум за преговори со Македонија, бидејќи во моментов ниедна од двете инволвирани страни не е подготвена на финално решение за билатералниот спор, судејќи според изјавите на официјални Скопје и Атина последниве неколку денови.

Европа е сега во потрага по баланс меѓу солидарноста со Грција и одржувањето реална европска перспектива за Македонија. Не е исклучено дел од разговорите за Македонија да им се остават на шефовите на држави и

EU Erweiterung Symbolbild mit Flagge und Karte

влади кои ќе се состанат на 10-ти и 11-ти декември во Брисел. На претстојниот министерски состанок ќе се разговара и поопширно за проширувањето и за Западниот Балкан.

Клучната дебата е дебатата за Турција

Земјите членки на ЕУ ќе се базираат на редовниот извештај на Хашкиот обвинител Серж Брамерц за своите насоки за Србија и Хрватска. Во однос на Белград, повеќето европски земји се подготвени да отидат чекор напред, за Хрватска, пак, се очекуваат поостри забелешки со оглед на недоволната соработка на официјален Загреб со Хашкиот суд.

Ќе стане збор и за Босна и Херцеговина каде ситуацијата се оценува како генерално стабилна, но се‘ уште многу чувствителна.

Клучната дебата, сепак, на овој министерски состанок ќе биде Турција и неимплементираните одредби од Анкарскиот протокол поврзани за грчките кипарски бродови. Во моментов, ЕУ членките со целосно поделени околу пристапот кон најголемата земја кандидат за членство. Додека едните бараат да се изрази разочарување во заклучоците, други земји-членки бараат да се искаже многу поостра позиција. Усогласувањето на 27-те земји членки по ова прашање ќе биде круцијален тест за Европската унија, сметаат експертите.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска