1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Брисел: Постигнат договор меѓу Србија и Косово

Белград и Приштина постигнаа денеска (19.04) договор во повеќегодишниот конфликт околку Косово. Веста ја потврди Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон.

Кетрин Ештон денеска во Брисел не ги наведе деталите на спогодбата. Србија и Косово имаа цел постигнување договор со кој цврсто че бидат утврдени правата на српското малцинство во северниот дел од Косово, во кое сега живеат речиси исклучиво Албанци. Тоа е предусловот за двете земји да можат да напредуваат натаму кон ЕУ.

„Она што го гледаме овде е чекор настрана од минатото и чекор во насока на Европа за двете страни“, изјави Ештон, истовремено честитајќи им на двете страни за храброста. Србија досега одбиваше да ја признае независноста на Косово, кое претходно припаѓаше кон Југославија и во 2008 година прогласи самостојност.

Извор од српската делегација за агенцијата Бета тврди дека во финалната верзија на спогодбата се прифатени сите предлози на Белград.

Ештон со месеци посредуваше во разговорите меѓу српскиот премиер Ивица Дачиќ и косовскиот, Хашим Тачи. Единство е постигнато во десеттата преговарачка рунда.