1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Брисел: Од Србија зависи нејзината иднина

Во БРисел велат дека во српската влада гледаат ангажиран партнер во процесот на евроинтеграции и дека не добиле никаков „официјален документ“ од Белград за можна промена на ваквата политика.

Во Европската комисија велат дека активностите околу евроинтеграцијата на Србија се одвиваат со вообичаениот тек и дека во целост се учествува и помага во пристапниот процес на земјата. Во Брисел не сакаат да ги коментираат изјавите на највисоките српски претставници, кои порачуваат дека Србија на својот европски пат нема да „се движи кон пропаст“ и да „трча“ по датуми, што според српскиот ретседарел Томислав Николиќ ја довело земјата до „просјачки стап“. Сепак, во канцеларијата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за Дојче веле објаснуваат дека им е важно да имаат јасна идеја за европската политика на српската власт, која во разговорите со Брисел повеќепати ја повториле и српскиот претседател и преиерот.

„Она што ни е битно е дека постои овој процес и дека имаме активен партнер во него. Кога се работи за европските рамки, длабочината или интензитетот на ангажманот на земјата партнер во процесот, тоа во целост е во рацете на конкретната земја. Ако, теоретски, некоја држава реши да го забрза или да го забави тој процес, тоа е нејзина одлука“, вели портпаролот на Филе, Питер Стано.

ЕК инсистира на тоа дека таа не ги поставува условите за брзината и времето, туку дека исклучиво се занимава со проценките на приоритетите, прогресот и квалитетот на реформите, како и со асистенција во надминувањето на проблемите кон европскиот пат на земјата аспирант за членство. Што ќе се случи на крајот на пристапниот процес, тоа зависи од самата земја, каде народот на референдум го има последниот збор“, вели Стано.

Peter Stano Pressesprecher der EK für Erweiterung und Nachbarschaftspolitik

Петер Стано

Ештон: Подгответе се за тешки одлуки

Дека брзината на европскиот пат на Србија е нејзина сопствена одлука , при што земјата кандидат за членство мора да ги исполни условите поставени за процесот на проширување, порачуваат и од кабинетот на шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештон:

„Ако побрзо се вршат реформи и се исполнуваат условите, тогаш и напредокот е побрз и обратно“, вели за Дојче веле Маја Коцијанчиќ, портпарол на Ештон.

Таа дополнува дека моментно „јасн амбиција“ е што побрзо да дојде до продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина, што е директно поврзан со остварувањето на пристапните преговори на СРбија:

„Јасно е и ние очекуваме и Косово и Србија да ја потврдат својата подготвеност за дијалог. Високата претставничка за надворешна политика јасно им кажа дека тука ќе бидат можеби потребни и доста тешки одлуки и дека мора да бидат подготвени на тоа“.

Потребни се политичка волја и одлуки

На прашањето кои се тие „тешки одлуки“, пред кои може да се најде српскиот претседател, во кабинетот на Ештон во овој момент не можат да конкретизираат прашања за кои ќе се разговара, но истакнуваат дека тоа ќе бидат оние кои „досега уште не биле на преговарачка маса“.

„Со искуството од претходните година ипол од дијалогот, знаеме дека се во прашање тешки преговори за кои се потребни политичка волја и одлуки. Јасна е и смислата на дијалогот, тој значи конкретно укинување на пречките на патот кон ЕУ и за Србија и за Косово. Сите конкретни прашања во тој контекст се поврзани со прашањето за северот на Косово“, заклучува Коцијанчиќ во изјавата за Дојче веле.