1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Брисел од Македонија бара продолжување на реформите и резултати

Само со реформи земјата може да добие датум за почеток на преговори за членство. Минатонеделните инциденти не смеат да се повторат.

default

Бранко Црвенковски и Оли Рен на прес - конференцијата во Брисел

Работите одат на добро, но мора да се продолжи со реформите. И еврокомесарот за проширување, Оли Рен и високиот преставник за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана на македонскиот претседател, Бранко Црвенковски му дадоа јасна порака - само реформи кои ќе дадат конкретни резултати може да и донесат на земјата датум за почеток на преговори. Црвенковски им дал гаранции...:“Во Македонија постои и политичка волја, постои желба, постои потенцијал, оние ситуации, какви што ги имавме минатата недела, брзо да бидат санирани и повторно да се вратиме на реформакста агенда и остварувањето на нашите реформски цели.“

Дипломати во Брисел велат дека претседателот настапил уверливо. Му веруваат дека земјата има капацитет да работи со забрзано темпо. Целта на Македонија останува иста повтори Црвенковски - очекуваат во 2008 година да се добие датум за почеток на преговори. Поради неисполнетите обврски, нереално е да се очекува вакво нешто велат дипломатите во Брисел.Се поздравуваат иницијативите од Словенија, со помош на преоден извештај на Скопје да му се даде датум уште во првата половина од идната година, но без реформи и без резултати тоа е невозможно, велат во ЕУ.

Што ќе пишува во извештајот за Македонија?

Извештајот за напредокот на Македонија кој ќе биде објавен во ноември ќе го поздрави напредокот во економскиот дел и борбата против корупција, но во него ќе пишува и дека во најважните области реформите се забавени. Рен побара: “Мора да видиме поконкретни резултати особено во реформата на судството, полицијата, па и борбата против корупција. ЕУ не донесува бланко одлуки. Потребен ни‘ е конкретен прогрес за унијата да си ги исполни своите ветувања и да и даде на Македонија датум за преговори. Брисел очекува минатонеделните инциденти во Македонија да бидат исклучок, а не правило. Евродипломатот Солана вели: “За таа цел инцидентите мора да бидат расветлени до крај и со брза истрага, а виновниците да се соочат со одговорноста. Ги повикав и претседателот и владата да го сторат тоа на најдобар начин, за вакви нешта повеќе да не се повторат.“

Косово - една од главните теми на средбите

Заклучокот во ЕУ е дека Македонија игра важна улога во стабилизација на регионот. За Црвенковски ниту едно решение за Косово не исклучува ризик. “Но, Македонија ќе ја следи политиката на ЕУ“, изјави претседателот. Дознаваме дека на средбите се разговарало и за грчко македонскиот спор со името и можното вето од Грција за членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Одговорот од Солана е краток: “Не сакам никакви вета“, рече тој.

Дипломатите не сакаат да дадат повеќе датели за овој проблем. Овие прашања ќе бидат и на дневен ред на средбата во НАТО во петок меѓу Црвенковски и првиот човек на алијансата Јаап Де Хоп Шефер.