1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Брисел не попушта, продолжува дијалогот Белград - Приштина

Дијалогот меѓу Србија и Косово ќе продолжи утре во Брисел, изјави денеска (18.04) Маја Коцијанчиќ, портпарол на Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика. Коцијанчиќ оценува-разликите во ставовите сега се мали.

„Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон мора да со состави извештајот до понеделник и би сакала и едната и другата делегација уште еднаш да ги погледаат предлозите и да видат дали е можно да дојде до договор“, изјави Маја Коцијанчиќ за РТС.

Дека преговорите меѓу Србија и Косово ќе продолжат утре во Брисел, претходно соопшти извор во косовската влада. Истиот извор информира дека косовскиот премиер Хашим Тачи го прекинал престојот во Љубљана, каде допатува по вчерашните неуспешни преговори со српските претставници во седиштето на ЕУ, и на барање на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон се вратил во Брисел.

Дипломатски извори во Брисел инфромираат дека ЕУ сака договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина да биде постигнат до понеделник, кога европските лидери треба да се изјаснат околу препораката за почеток на преговирите за членство на Србија во Унијата.

Вчерашната рунда во дијалогот меѓу Белград и Приштина заврши без договор по повеќе од 13 часа разговори.

Во обраќањето до новинарите по разговорите двете страни изразија подготвеност за продолжување на дијалогот и постигнување договор, но и со мошне остра реторика изнесоа различни предлози за спорните прашања. Спогодбата, која била понудена на вчерашната рунда се состои од 15 точки, при што најспорна била точката 14, која се однесува евроинтеграциските процеси на Белград и Приштина.

Двете страни меѓусебно се обвинуваа за неприфаќање на спогодбата, а српскиот премиер Ивица Дачиќ синоќа изјави дека понуденото решение било прифатливо за српската страна, но потоа косовската страна го условила договорот со свое членство во меѓународните организации.