1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Брисел: Клучот е во директните средби Груевски-Папандреу

Македонскиот премиер Никола Груевски има интензивни средби во Брисел. Денеска (24.03.) ќе ги посети трите клучни европски институции, а утре треба да се одржи долгоочекуваната средба со грчкиот колега Јоргос Папандреу.

default

Што ќе донесе новата средба?

Попладнево, Никола Груевски ќе разговара со претседателот на советот на ЕУ, Херман Ван Ромпој, потоа ќе замине во Европскиот парламент каде ќе се сретне со претседателот Јежи Бузек, а денот ќе го заврши со разговор со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.

Главна тема на разговори во ЕУ останува спорот за името. Груевски треба да ги запознае своите соговорници со неговиот план за решавање на проблемот со јужниот сосед, со што треба да се отвори патот за преговори со Унијата. Европските дипломати и функционери ќе се интересираат и за реформското темпо, кое е забавено откако Македонија доби препорака за преговори во октомври. ЕУ ќе прашува и за меѓуетничките односи.

Flaggen der EU und Mazedonien in Skopje

Средба со Папандреу

Но, најважната средба ќе се одржи утре попладне, најверојатно во просториите на Советот на ЕУ. Откако Груевски ќе се види со неговите партиски колеги од ЕУ на самитот на десницата, ќе има средба со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу.

Брисел вложува огромна надеж во директните средби на премиерите на Македонија и Грција и верува дека клучот лежи во директната комуникација. Словенечкиот претседател Данило Тирк минатата недела препорача слични средби да одржат и претседателите на двете држави.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM