1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Брисел и‘ се закани на Унгарија со блокада на пари

Унгарија ризикува пари од европските фондови за поттикнување, доколку не се зафати како што треба со справување со кризата, се закани денеска Брисел. Станува збор за милијарди евра кои би можеле да бидат блокирани.

default

Оли Рен, еврокомесар за монетарна политика

Брисел му се закани на грешникот - Унгарија, дека ќе ја затвори славината за парите од европските фоднови за поттикнување, доколку земјата и натаму ги крши европските насоки за штедење и не се придржува до горната дозволена граница за буџетски дефицит, која изнесува три проценти. Еврокомесарот за монетарна политика Оли Рен, денеска изјави дека блокадата на парите би дошла најрано во јануари наредната година. Според досега познатите податоци, Унгарија во 2010 година добила речиси две милијарди евра од бриселските кохезиони фондови, кои особено добро им доаѓаат на посиромашните ЕУ-членки. Можност за блокада на овие пари постои одамна, но досега не е преземен таков чекор. Постапката против Унгарија поради буџетскиот дефицит е отворена одамна, но парични казни не се можни поради тоа што земјата го нема воведено еврото. Сега се предлага заострување на постапката поради буџетскиот дефицит и нови рокови за Унгарија, но одлука за тоа треба да донесат министрите за финасии на ЕУ.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: Б. Георгиевски