Брисел им одбројува на Белград и Приштина | Свет | DW | 17.04.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Брисел им одбројува на Белград и Приштина

Европската комисија ги разгледа, но не ги усвои извештаите за напредокот на Србија и Косово. Се чекаат резултатите на уште една, во последен момент закажана рунда разговори меѓу Белград и Приштина.

Додека траеше дебатата на европските комесари за постигнатото во дијалогот меѓу Белград и Приштина пристигна најавата за уште една рунда разговори на премиерите на Србија и Косово, кои во Брисел ги повика шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.

„Фактот дека Ештон одлучи, по дополнителните контакти со Белград и Приштина да свика состанок, е добар сигнал. Тоа претставува позитивен сигнал за решеноста на двајцата премиери да ја искористат оваа историска шанса и храбро да тргнат кон нормализација на односите на Србија и Косово. Истовремено тоа е и можност да се искористи понудата на ЕУ“, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Стразбур. Тој нагласи дека верува оти „премиерите на Србија и Косово ќе бидат во можност, со помош на Ештон, да постигнат договор“.

Ештон за денеска (17.04) закажа уште еден состанок на двајцата премиери, од кои побара во Брисел да дојдат „во конструктивен дух, подготвени да ги истражат сите опции и да се договорат за заеднички компромис“. Европската комисија го одложи усвојувањето на пролетниот извештај за Србија и за Косово додека не

Stefan Füle EU Erweiterungskommissar

Штефан Филе

биде познат резултатот од денешниот состанок, од кој ЕУ „има големи очекувања“.

„Уверен сум дека овој дијалог ќе резултира со јасен договор. Тоа е во стратешки интерес и на Србија и на Косово, но и на Западниот Балкан и на цела ЕУ. Време е Србија и Косово од минатото да се свртат кон заедничка европска иднина“, рече Филе.

Европската комисија ќе го вгради исходот од состанокот во извештаите за напредокот на двете земји, кој треба да биде усвоен многу брзо. Веќе в понеделник на 22 април, Ештон треба да ги извести министрите за надворешни работи на земјите-членки за постигнатиот напредок, по што треба да следат интерни процедури во земјите-членки. Врз основа на извештајот на Европската комисија и на високата претставничка на ЕУ, до крајот на јуни треба да се донесе одлука за натамошните чекори на Србија, но и на Косово кон евроинтеграциите.