1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Брисел добива главоболки од Македонија

Европската комисија е загрижена поради влошувањето на политичката клима во македонското Собрание, соопшти кабинетот на еврокомесарот Штефан Филе, како реакција на последниот инцидент во Парламентот во Скопје.

default

Брисел ги повикува сите актери под итно да започнат директен дијалог и да генерираат подобра клима и да изградат заемна доверба. Политичкиот дијалог, се вели во соопштението од кабинетот на еврокомесарот Штефан Филе, е заедничка одговорност на владеачката партија и на опозицијата, преку кој тие демонстрриаат конструктивност и искрена заложба.

Европската комисија ќе им ја пренесе оваа порака и на властите и на лидерот на главната опозициска партија, СДСМ. Брисел има јасни очекувања за зрелоста и

Stefan Füle und Nikola Gruevski

Штефан Филе ќе им ја пренесе пораката на властите, но и на опозицијата

функционалноста на демократските инситутциии од една земја која сака да напредува на интеграциската агенда на ЕУ, заклучува комесарот Филе. Еврокомесарот утре (06.07.2010) во Стразбур ќе оствари средба со претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на која несомнено ќе му биде пренесена оваа порака. Македонскиот премиер Никола Груевски забелешките ќе ги слушне утре, од белгискиот премиер Ив Летерм, во Брисел.

Инаку, за инцидентот во македонското Собрание, што се случи минатата недела меѓу пратеници на СДСМ и член на обезбедувањето на Собранието, вработен во МВР, власта и опозицијата имаат различни верзии. Инцидентот настана веднаш по завршувањето на собраниската седница на која пратениците не го одобрија законот за обештетување на стечајците. Опозициската СДСМ тврди дека кога излегле надвор, да им го соопштат на стечајците резултатот од собраниската седница, неидентификувано лице со камера снимало и кога побарале од обезбедувањето да кажат кое е тоа лице и да се идентификува, дошло до физички судир. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, објасни дека лицето кое снимало било од дефанзивно електронско техничко одделение, кое е посебен сектор во МВР што снима кога има одредени собири, поради безбедносната состојба во и околу собранискиот објект. Јанкуловска рече дека полициското лице немало намера да го запре слободното движење на пратениците, туку само си ја вршело својата работна задача.

Спорот со името не смее да се злоупотребува за прикривање на другите недостатоци

Иако проблемот со името е главна пречка во евроинтеграциите за Македонија, Европската комисија во повеќе наврати предупреди дека спорот не смее да се

Flaggen der EU und Mazedonien in Skopje

Сите забелешки ќе бидат рефлектирани во наредниот извештај на ЕУ

користи за прикривање на другите недостатоци во државата. Македонија од добивањето на препораката за преговори доби многу критики од Брисел за европската агенда. Реформското темпо е незадоволително, се носат закони спротивни на европските стандарди, како што беше законот за антидсикриминација, законот за води, проблематична е се‘ уште партизираноста на јавната админисрација и спроведувањето на судските реформи, а загрижува и влошувањето на слободата на медиумите, предупредува Брисел.

Сите овие забелешки ќе бидат рефлектирани во претстојниот европски извештај. Со последниот иницдент во Собранието, Македонија сериозно ризикува да не добие препорака за преговори со ЕУ.

Автор: Тања Милевска / макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска