1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Брисел го поддржуваа планот на Ахтисари

ЕУ поддржа планот на специјалниот преставник на ОН за Косово Марти Ахтисари, кој најави дека предлог решението за конечниот статус ќе го претстави по изборите во Србија закажани за 21 јануари наредната година. Брисел сепак предупредува дека не треба премногу да се одложува

Марти Ахтисари

Марти Ахтисари

Високиот преставник на Унијата Хавиер Солана по средбата со Ахтисари изјави:

„ Ние не сме одговорни за тие преговори бидејќи нив ги води посредникот Ахтисари кој го има мандатот на ОН. Во поглед на политичките настани кои ќе се случуваат во Србија, како што се изборите одлучено е предлог решението да се одложи до тогаш, но тоа не значи дека сега секоја одлука ќе се одложува. Значи тоа е прашање за личноста која ги води преговорите а не за ЕУ„ рече Солана

Еврокомесарот за проширување Оли Рен смета дека Косово не треба предолго да се остави без статус:

„ Краткото и ограничено одложување е прифатливо заради развојот на политичките случувања во Србија за да се придонесе за подобра стабилност во регионот но истовремено е важно таа одлука да не доцни бидејќи Косово не треба да се остави долго. Потребен е јасен политички и правен статус за Косово да биде во можност да влезе во преговори за стабилизација и асоцијација, како и за визни олеснувања и за членство во меѓународните финансиски институции„ вели Рен

Со сличен став е и Ерки Туомиоја финскиот претседавач со ЕУ :

„ Не сме загрижени дека одложувањето ќе ја влоши ситуацијата. Веруваме дека Марти Ахтисари ја донел одлуката по консултациите со членовите на контакт групата, посебно во поглед на минимализирање на какви било ефекти за дестабилизација во регионот„