1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Брисел ги повика Македонија и Грција да го решат спорот

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и‘ порача на владата во Скопје да направи дополнителен напор за решавање на спорот со името за што поскоро да почнат претпристапните преговори за членство во ЕУ.

default

Жозе Мануел Барозо

Барозо денеска (19.10.2009), на прес конференција во Брисел рече дека минатонеделната препорака за старт на преговори со Македонија е признание за сработените реформи во Македонија, но истовремено и охрабрување да се реши проблемот со името.

„Ние јасно кажавме колку се важни добрососедските односи. Спорот за името е дел од тоа. Тоа ќе ја зголеми меѓусебната доверба и ќе ни‘ ја олесни работата во ЕУ. Брисел ги повикува двете инволвирани страни во спорот да го решат проблемот во духот на европската солидарност“, изјави Барозо.

Брисел и Стразбур ќе соработуваат потесно

Инаку, на прес-конференцијата со новиот генерален секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд, беше потврдено дека Европската комисија во нејзиниот нареден мандат ќе воспостави нов портфељ посветен на човековите права и правдата. Брисел и Стразбур ја покажаа својата волја во иднина потесно да соработуваат. Интеграцијата на земјите членки на ЕУ и заштитата на човековите права се неразделни процеси кои мораат да одат рака под рака, нагласија Барозо и Јагланд.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM