1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Брисел: Времето за спас на еврото истекува!

Според ЕК, стигнат е одлучувачки момент во справувањето со ескалирачката должничка криза. Подрастична беше само шефицата на ММФ, Лагард- „на еврозоната и‘ остануваат помалку од три месеци за спас на еврото“.

Две недели пред ЕУ-самитот во Брисел, претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо, побара од владите да преземат јасни чекори во правец на фискален пакт и банкарска унија. На Европа и‘ треба јасна визија и чист пат, по кој ќе може да успее, изјави Барозо денеска (13.06.2012) пред Европскиот парламент.

„Ова е решвачки момент“, истакна Барозо.

Jose Barrosso EU Kommission Straßburg Frankreich

Барозо со сериозни предупредувања

Тој индиректно упати критички зборови на сметка на Берлин.

„Не сум сигурен дали во сите главни градови е правилно сфатена итноста на ова прашање“, рече Барозо.

Во меѓувреме владејачката коалиција и опозицијата во Берлин бавно напредуваат во спорната тема -фискален пакт. Опозиционите Социјалдемократска и Партијата на зелените од германската канцеларка Ангела Меркел бараат порешителни чекори против европската должничка криза.

„Конечно мора да прекинат тактичките игрички на коалицијата“, побара заменикот шеф на пратеничката група на СПД, Јоахим Пос, пред денешната натамошна средба на врвовот на коалицијата и опозицијата во владиниот кабинет. Шефот на Зелените Чем Ездемир критикуваше:

„Рецептите на госпоѓа Меркел водат се‘ повеќе земји во катастрофа“.

Бундестагот според СПД на 28 јуни треба да решава за спорниот фискален пакт и новиот европски заштитен чадор ЕСМ.

Kabinettssitzung 06.06.2012

На потег е Ангела Меркел?

Но, датумот на гласањето ќе зависи од претходниот договор на власта и опозицијата. СПД и натаму бара воведување на данок на финансиски трансакции и поттик на поголем економски развој како услов за согласноста на партијата за ратификација на фискалниот пакт во Бундестагот, што не може без гласовите на опозицијата, зашто е потребно двотретинско мнозинство.

Европскиот фискален пакт предвидува поголема финансиска дисциплина на членките во еврозоната.

Германската влада сака во Бундестагот фискалниот пакт и трајниот „чадор за спас на еврото“ да бидат изгласани пред летната пауза, со што на „финансиските пазари би им бил даден решавачки сигнал“.

Времето навистина истекува, смета и политичарот на ЦДУ, Норберт Бартле, кој пак смета дека е одговорна опозицијата:

„Очите на светот се свртени кон Германија“.