1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Брисел бара смирување на тензиите во Македонија

Европската комисија ги осуди последните инциденти и бара од политичарите да ја смират состојбата. Инцидентите ќе бидат тема и на посетата на еврокомесарот Штефан Филе в четврток

default

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Европската комисија денеска „одлучно ги осуди“ серијата инциденти во Македонија и најави дека комесарот за проширување Штефан Филе в четврток во Скопје ќе разговара на оваа тема со тамошните власти.

Портпаролот на Филе, Петер Стано соопшти дека Европската комисија ги поздравува изјавите на македонските политичари и политичките лидери кои ја истакнаа својата приврзаност кон владеењето на правото. Стано изрази уверување дека политичарите и цивилниот сектор во Македонија „внимателно ќе им пристапат на емотивниците последици и ќе придонесат за повторно воспоставување на мир во земјата“.

Peter Stano Prizren Kosovo

Портпаролот на Филе, Петер Стано

Комесарот Филе доаѓа во Скопје в четврток на отворањето на ткн. дијалог на високо ниво, кој според неговите зборови, „претставува мост кон отворањето на пристапни преговори на Македонија со ЕУ“.

По серијата тепачки во изминатите неколку дена, изминатата ноќ во Македонија не се регистрирани нови инциденти. Полицијата работи на расчистување на нападите, неколку лица се приведени, а против некои веќе се поднесени кривични пријави за „насилство“, информираат од македонското МВР. Повеќето од учесниците во тепачките се млади луѓе, како и малолетници.

Во изминатите три деноноќија се регистрирани 20-ина инциденти во кои поголеми групи млади луѓе напаѓале или се нападнати без некаков посебен повод и причина. Според она што е објавено во полициските билтени, поголем број од нападите се случиле во Скопје, Тетово и еден во Прилеп, а тепани биле вкупно 30-ина граѓани.

Автор: БГ/бета/макфакс

Редактор: Симе Недевски