1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Брисел бара Бугарија да ги почитува одлуките на Европскиот суд

Европскиот комесар за правда Франко Фратини побара Бугарија да ги почитува одлуките на Европскиот суд за правата на човекот во случајот ОМО Илинден-Пирин

default

Еврокомесарот Фратини

Бугарските судови одбиваат да ја регистрираат партијата ОМО Илинден-Пирин.

„Бугарија е должна да ја спроведе на дело пресудата на Европскиот суд за првата на човекот за случајот Обединетата Македонска Организација Илинден и другите против Бугарија, донесена на 19 јануари 2006 година.“ Тоа е ставот на Европската комисија, пренесен од нејзиниот комесар за правда Франко Фратини, како одговор на прашањето поставено од шпанскиот европратеник Микел Ирујо Амезага од редовите на Зелените и Европската слободна алијанса.

Со други зборови, извршниот орган на Европската Унија со седиште во Брисел, прв пат на толку отворен и јасен начин бара од Софија да ја регистрира политичката партија ОМО Илинден-Пирин.

Сите држави се должни да го почитуваат судот

Иако Комисијата не може да интервенира во државите членки на Унијата за прашања кои се однесуваат на признавањата на политичките партии, со оглед дека ова прашање не е опфатено со спроведувањето на дело на европското заедничко право, Комисијата уште еднаш потсетува дека сите држави членки се должни да ги почитуваат одлуките на Европскиот суд за правата на човекот.

Имено, европскиот пратеник од редовите на Европската слободна алијанса, ја запраша Комисијата „дали смета да го искористи своето влијание за да се наведе Бугарија да и додели статут на политичка партија на ОМО Илинден-Пирин, за да може да учествува на локалните избори во октомври“.

Колку Македонци живеат во Бугарија

Прашањето беше поставено во јули, а одговорот од Комисијата во пишана форма беше составен во септември и во него не е коментирано последното одбивање на бугарските судови да ја регистрираат партијата.

Но ставот од Брисел е јасен: „Бугарија е должна да ги почитува одлуките на Европскиот суд“ и се разбира на Комитетот на Министрите на Советот на Европа, кој во јуни го повика Секретаријатот на СЕ заедно со бугарските власти и претставниците на ОМО Илинден-Пирин да изнајдат можност за регистрација на партијата.

Напорите на Секретаријатот не донесоа плодови, жалбите од ОМО Илинден-Пирин и писмата од Европската слободна алијанса, веќе се пристигнати во Стразбур и Брисел. И наскоро случајот повторно ќе се најде на дневниот ред на Комитетот на Министрите.

Што се однесува до пратеничкото прашање на Микел Ирујо Амезага, тој го запознава Фратини и Комисијата кои немале информации за бројот на припадниците на македонското малцинство кои живеат во Бугарија, дека според официјалните бројки од пописот во 2001, нивниот број е 5071 Македонец. Според шпанскиот пратеник, нивниот број е потценет, бидејќи во пописните документи не биле предвидена категоријата „Македонци“.