1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Брилијантни фалсификати на еврото

Еврото е сигурно од фалсификувања, ветија политичарите при воведувањето на новата валута во 2002 година. Две години потоа во Германија се појавија повеќе фалсификувани пари отколку во времињата на германската марка. Тенденцијата е во пораст.

Споменик на Еврото во Франкфурт

Споменик на Еврото во Франкфурт

Пред воведувањето на еврото многу фалените безбедносни белези се чини не успеаја во целост да се одржат. Сега дури ги има и во автоматите за пари. Бројот на евро-фалсификатите расте од година на година. Во минатата година во Европа беа повлечени од промет околу 550 илјади фалсификувани евро-банкноти – повеќе од трипати во однос на претходната година. Додуша бројот на фалсификати наспроти деветте милијарди вистински банкноти е се уште мал, но причина за опуштање нема. За Фолгер Бернзе од сојузот на германските крими-службеници ова е посебно непријатно:

“Има одделни случаи во кои квалитетот е толку добар што само површниот третман од страна на стручњаците не може веднаш да се препознае дека станува збор за фалсификат“.

Тоа значи: Продавниците и дури банките денес не секогаш можат со помош на нивната опрема да ја препознаат разликата. Вистинските профи-фалсификати во меѓувреме без проблеми ги минуваат овие тестови. Фалсификаторите се специјалисти за висока технологија. Организирани се во меѓународни банди и фалсификуваат во голем стил:

“Еден добар пример: една работилница за фалсификување во Јужна Италија каде што полицијата навлезе во една 500 квадрати голема произвидна хала. Таму двајца извршители беа фатени токму кога требаше да произведат банкноти од 50 евра во вкупна вредност од 30 милиони евра. Тоа веќе не е за домашна употреба туку за европскиот пазар“.

Фалсификувања со копир апарат во боја во подрумот на некоја куќа - тоа е минато. Денес бандите работат со офест – печатници и можат истовремено да имитираат повеќе обележја одеднаш како водниот знак, холограмот или безбедносните линии. Се повеќе перфектни фалсификати што за полицијата значи драматичен развој. Меѓутоа, Волфганг Зефнер од германската сојузна банка не гледа причина за паника:

“Немавме таков фалсификатор кој успеал да ги фалсификува сите белези, па да може да се каже – ова е совршен фалсификат. Фалсификатите штои ги имаме ние, гледано мајсторски, се релативно груби“.

И уште додава дека професионалните фалсификати секој сам може да ги препознае:

“Ако некој не е сигурен мора подетално да погледа. На тој начин, со малку внимание, релативно добро може да се препознае фалификат“.

Полицијата не гледа така. Поради се подобриот квалитет на фалсификатите тие се препознаваат се потешко. На банките им е полесно: нивните апарати за проверка се доволно фини за да можат да ги препознаат сите фалсификати. За граѓаните тоа е проблем, смета Холгер Бернзе:

“Секако е можно да се препознае секој фалсификат, зашто тие не работат во лабораториски услови, иако и претседателот на Европската централна банка Трише неодамна призна дека фалсификувањето на еврото во меѓувреме стана многу голем проблем“. Во секој случај и Бернзе препорачува: Кој не е сигурен може и самиот да ги тестира белезите на евро-банкнотите. Ако некој се сомнева тогаш помош може да побара од покраинските банки со нивните специјални апарати за тестирање. Најважно е веднаш да и се јави на полицијата. Зашто оној што шири фалсификати секако ќе биде казнет.