1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

БРИК-државите ќе имаат огромно влијание

Денеска и утре (15 и 16.4) по вторпат ќе се сретнат таканаречените БРИК-држави, и тоа во главниот град на Бразил. Четирите економски сили - Бразил, Русија, Индија и Кина ќе зборуваат за меѓународни теми.

default

Средбата на БРИК-државите ќе се одржи во Бразил

За Бразил, Русија, Индија и Кина карактеристично е тоа што се земји со најмногубројно население и со енормни економски капацитети. Штефан Маер од Фондацијата за економија и политика (СВП) го дефинира БРИК на следниот начин: „Формација од земји, за кои се смета дека во иднина нема да имаат само големо, туку огромно влијание врз меѓународната политика. Тоа е всушност неформална фузија на земји, кои секогаш се среќаваат. Овие земји се обидуваат да ги усогласат своите ставови пред големите конференции и меѓународни преговори, но нивната поврзаност не претставува цврста алијанса или формација.“

Индонезија треба да припаѓа во групата

Symbolbild BRIC Staaten

Државите од БРИК имаат повеќе различни ставови

Акронимот БРИК постои од почетокот на овој век, кога стана замена за групата „Големите 5“, каде припаѓаше и Индонезија. Поради тоа што овие земји имаат многубројно население, скоро половината од светската популација живее во овие четири држави, како и економија со забрзан пораст, Индонезија би требало да припаѓа во групата, смета Ури Дадуш од американскиот Карнеџи Ендоумент. Тој вели дека растечкото влијание на овие земји не треба да се потцени: „Сметам дека БРИК-државите формираат значаен блок, кој во основа добива значење на спротивен пол на Г8, или поточно на Г7-државите, оти тие не ја претставуваат вистински денешната глобална економија.“

БРИК-државите пред се‘ ги поврзува заедничкиот интерес, да се претстават како спротивен пол на традиционалните западни сили и Јапонија, вели Дадуш. Сепак, тој смета дека е мала веројатноста, еден ден БРИК-државите да прераснат во политичка или комерцијална унија: „Во поглед на стратешките интереси и разликите кај БРИК-државите мала е веројатноста, дека по пет до петнаесет години се‘ уште ќе има логична поврзаност помеѓу државите. Едноставно, нивните мислења се различни по многу прашања.“

Спротивставени ставови со САД и ЕУ

Grenze China Indien Grenzpass

Меѓу Кина и Индија има спор околу границата

Примерот за различните ставови на Кина и Индија е во врска со нивната заедничка граница, околу која се води постојан спор. Исто така и меѓу Русија и Кина има постојано политичко ривалство. Штефан Маер вели: „Во некои сектори од политиката веројатно има неколку исти мислења, можеби најмногу во климатската политика, оти мислам дека сите четири земји се релативно воздржани околу тоа прашање и не сакаат самите да вложат големи напори... Тешко е да се дефинираат сеопфатно исти ставови за другите прашања. Во БРИК-државите, Кина е држава со авторитативна структура, Русија со полуавторитативна структура, додека Бразил и Индија се демократски земји. Тие најчесто можат да се усогласат околу спротивставувањето на нивните позиции, контра ставовите кои на пример ги заземале САД или Европската унија.“

Светла иднина за БРИК

22.07.2009 DW-TV MIG WIRTSCHAFT DOLLAR

Во моментов нема вистинска алтернатива за доларот

Западот стравува од спротивставен став во поглед на односот со Иран. Од денеска (15.4.) Иран ќе се најде на дневниот ред на самитот. Ставот на Кина и Индија за Исламската Република е традиционално попозитивен од оној на САД и неговите сојузници. Ури Дадуш вели: „Сметам дека односите на Кина и Индија со САД се базираат врз широката палета интереси, меѓу другите - економски и геополитички интереси. Мислам дека разговорите меѓу БРИК-државите, доколку се одржат, ќе ги отсликаат овие интереси. Поради тоа не очекувам радикален резултат, што би ги предизвикувало Соединетите држави. Оваа тема е едноставно пречувствителна. Уште одамна се поставува прашањето за американскиот долар како резервна валута. По глобалната финансиска криза, која започна од Америка, повторно се дискутира на таа тема. Сепак, повеќето кои се занимаваат со тоа велат дека во моментов нема вистинска алтернатива за доларот“, вели Ури Дадуш.

Сепак, експертите во целина гледаат светла иднина за БРИК-државите. Штефан Маер вели: „Секако согледавме дека големите, влијателни земји се‘ поретко бараат мултиратерални организации како Обединетите нации за да се договараат за меѓународната политика и да ги усогласат ставовите. Тие повеќе сакаат слободни алијанси со другите земји, каде може да зборуваат релативно неформално и флексибилно за различни прашања, и во одредени случаи да се обидат да дојдат до заеднички позиции.“

Автор: Сара Бернинг / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска