1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

БРИКС земјите често страдаат од домашни проблеми

Некогаш светол пример за светската економија, економиите на Бразил, Русија, Индија и Јужна Африка сега стагнираат.

Меѓу БРИК земјите, падот на капиталот најтешко го погоди Бразил, бразилската валута девалвираше околу 20% споредено со американскиот долар само од почетокот на годинава. Германскиот економист Федерико Фодерс вели: капиталот во Бразил бега од инфлацијата, слабиот раст и социјалните немири.

Минатиот јуни за време на Купот на Конфедерации протести ја тресеа земјата. Широките маси се уште ја немаат почуствувано придобивката од силниот економски раст во минатите неколку години. Бразилците излегоа на улица и протестираа, барајќи подобрување на инфраструктурата, образовни реформи, здравствена реформа и побараа одлучна акција против корупцијата.

Не само политичката нестабилсност, туку и други недостатоци ги бркаат инвеститорите. Ова станува уште поочигледно кога ќе се погледнат проценките за идниот економски раст. Минатата година економијата порасна за 0.9 %, додека годинава се очекува дека растот ќе достигне едвај 0.3%. Исто така забележителен е и падот во побарувачка на суровини од Кина.

Русија: блокирани реформи

Ниту една друга земја во БРИК групата не е зависна од извоз на суровини како што е Русија. Во првата декада од овој век, граѓаните го почуствуваа благодетот од високите цени на нафтата и гасот, затоа што економијата базирана на извоз на овие суровини цветаше. Зголемената потрошувачка на граѓаните беше вториот двигател на економијата. Но сега за жал, потенцијалот на овие мотори на економијата полека е исцрпен. Потрошувачката која се базираше на кредити испарува, индустријата стагнираше, а слабата рубља само ја влошува ситуацијата. Руските компании не покажуваат способност да понудат нови

Vladimir Putin

Владимир Путин

производи на светскиот пазар.

Аналитичарите смеетаат дека на Русија и недостигаат реформи, модернизација, структурни реформи и постојана подршка на средната класа. Секако на ова мора да се надоврзат и политички и институционални реформи. Џим Нил, креатор на терминот БРИК во интервју за весникот Ханделблат изјави дека Путин стои на патот на овој процес. Тој смета дека Русија е премногу централизирана и диктаторски владеена за да може да постигне напредок.

Индија: дефицитот загрижува

Иако е трета економија во Азија, Индија е доста погодена од ‘бегањето‘ на капиталот од странските инвеститори. Од април годинава индиската рупија девалвираше 20% наспроти американсиот долар, и покрај ова Индија останува зависна од увоз, што ја прави зависна од странски капитал. Увозот на јаглен и нафта кои ја хранат енергетската индустрија само го зголемува дефицитот. Индија поседува потенцијал за сама да ги произведува овие суровини, но преголемата корупција во овој сектор ја прават експлоатацијата претешка.

Истоштената економија и слабиот раст не се доволни да поддржат било каква извозно ориентирана индустрија. Ако на сево ова се додаде корупцијата и бирократијата тогаш станува јасно зошто инвеститорите се плашат. И покрај сѐ, експерти како што е Фридолин Штрак од Азиско-пацифискиот Комитет за германски бизниси, сметаат дека постои шанса Индија да најде искра надеж и да се стави крај на оваа конфузна политика.

Кина- посебен случај

Многу е тешко да се дознае дали постои одлив на странски капитал од Кина. Ако се знае дека кинескиот јен не се тргува јавно, тешко е да се знае каков е притисокот врз капиталот. Пред неколку години кога БРИК земјите се жалеа на големи приливи на капитал и зголемен притисок врз нивните валути, Пекинг молчеше. Од друга страна пак, Американците се жалеа дека Пекинг вештачки го одржува курсот на јенот ниско за да може да продолжи со извоз.

Тоа што извозот е премногу едностран не е изненадување за владата во Пекинг, тие со години се обидуваат да ја зголемат внатрешната потрошувачка. Се очекува дека во октомври на третата пленарна седница на Комунистичката партија ќе бидат презентирани економски реформи токму во таа насока. Од

BRIC BRICS Gipfel Südafrika Jacob Zuma Xi Jinping

Претседателите на Јужна Африка и Кина Јакоб Зума и Кси Јинпинг

владата се очекува да се потпира што е можно повеќе на домашна потрошувачка и поголема бизнис слобода се со цел да го одржи економскиот раст. Експертите очекуваат дека фокусот ќе биде насочен на промовирање на приватно стопанисувани мали и средни претприја.

Јужна Африка: Желбата за штрајкување ги плаши инвеститорите

Зима е во Јужна Африка. Секоја година во ова доба, штрајковите на синдикатите ги парализираат економските сектори и владата. Резулатите се следниве: платите растат, се губат работни места, владата го зголемува дефицитот, инфлацијата расте итн. Синдикатите почнуваат да се жалат и ритуалот почнува одново, и така секоја година, добра или лоша.

Но веќе неколку години, лошите години се почести од добрите. Економскиот раст од 0.9% во последниот квартал, не е доволен за остварување на зацртаната цел, а и е многу зад африканскиот просек. Речиси и да не се отвараат нови работни места, инвеститорите се плашат од желбата да се штрајкува, што често ексалира и во насилства, а на сето тоа треба да се додаде и доста комплицираната регулатива. Владата на Јакоб Зума често е опишувана како непредвидлива и непринципиелна.

Доколку САД ја зголемат каматна стапка, за очекување е дека многу институционални инвеститори ќе ги префлат своите пари надвор од Јужна Африка. Јужноафриканскиот министер за финансии Правин Гордхан е лут, на состанок на Г-20 тој бараше порадикални и поагресивни чекори за да се спречи одлив на капиталот. Но за жал неговите барања не наидоа на одѕив.