1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Брзаницата на Саркози

Коментар на Буркхрад Бирке

default

Меркел и Саркози: кој кого надмудри?

Германија и Франција по подолги натегања се согласија: европскиот концерн ЕАДС добива нова и јасна лидерска стрктура. Со години спорниот двоен врв во менаџментот на Ербас се укинува.

Лицето на Ангела Меркел покажа повеќе отколку нејзините зборови: убедлив победник и актер личи сосем поинаку. Така, приказната за обостраните предности повеќе беше бајка што на јавноста сакаа да и ја раскажат претседателот Саркози и канцелрката. Треба ли да им се верува? Ќе покаже блиската иднина. Засега станува збор за прагматизам во германско-француските односи и во Ербас. Канцеларката и „бурата„ од Елисејската палата очигледно најнапред ќе треба да се навикнат еден на друг, зашто Николас Саркози ги застапува француските интереси многу поофанзивно од неговиот претходник. Потрагата по важност тој би сакал да ја задоволи и на европската сцена. Тоа порано се добиваше се бакнеж на раката што и го нудеше галантниот Ширак на канцеларката. Саркози притискаше врз укинување на двојниот врв во ЕАДС и Ербас и бргу го доби. Дури и по цена управниот одбор во ЕАДС, како и Ербас да ги водат Германци. Француската галионска фигура Галоа останува сам како лидер на ЕАДС. Обајцата тврдат дека балансот е задржан со можноста за ротација. Во реалноста на фирмата сега не мора секое решение да се носи на секое ноиво со германско-француски консензус. Меѓутоа, сега Французите и Германците можат да се блокираат на различни нивоа. Практиката ќе мора да покаже дали со планот за санација Сила 8 вистина ќе бидат создадени ефикасни менаџерски структури. Инаку, планот Сила 8 останува, барем така гласи официјалната позиција.

Меѓутоа, францускиот претседател на германските вработени им вети дека ќе се ангажира за нив. А, тоа што ќе го вети овој претседател, сака и да го одржи. Но, тој очигледно се бори да го задржи и стекнатиот глас како министер за финансии и државен интервенционист. Упорно ја турка темата евро. Независноста на европската централна банка не е во прашање, потврдија канцеларката и претседателот. Но, тоа не го спречува Саркози и натаму преку Европската унија да притиска кон насочена политика за вработување. Не е виновно еврото, туку доларот и јуанот. Зад таа формулација денес се кријат различни монетрано-политички филозофии.

За монетарниот дампинг сега треба да се разговара во Групата 8 со која претседава Германија. И таму Саркози ќе сака да каже некој силен збор. Со оглед на брзаницата на новиот човек во Елисејската палата, канеларката Ангела Меркел ќе има полни раце работа за да може германско-францускиот мотор за напредокот на Европа да работи подмачкано.

Буркхард Бирке